ФОЛИКУЛИТИС

Фоликулитис е дефиниран како присуство на воспалителни клетки во ѕидот и остиумот на влакнениот фоликул, формирајќи фоликуларно базирана пустула. Фоликулитот често се манифестира на скалпот, вратот, лицето, бутови, Може да биде површински (остиофоликулит) или длабок (како фурункул, карбункул итн.) Класификацијата е во три групи: инфективен фоликулит, неинфективен фоликулит и перифоликулит.

Инфламаторните заболувања на влакнените фоликули на скалпот често се манифестираат како фоликулитис, кој може да води до цикатрициелна или не-цикатрициелна алопециа, зависно од тоа дали перифоликуларниот инфилтрат или етиолошкиот агент ги *заштедува* фоликулите на влакното.

Најголем број од инфективните фоликулити се предизвикани од бактерии или габи, а понекогаш од вируси (Herpes simplex) или микропаразити (Demodex).

Фунгални фоликулити

Microsporous tinea на скалпот (тинеа со сиви красти) е неинфламаторна тинеа на скалпот која се карактеризира со типични големи кружни или полициклични плакови и мали сателитски зони покриени со сивкасти крусти. Оваа инфекција често се добива од мачки или кучиња.

Trichophytic tinea на скалпот ( тинеа со црни точки ) афектира само неколку фоликули и се манифетира со мултипни мали алопетични зони, кои понекогаш конфлуираат во поголема полициклична зона со карактеристична внатрешност составена од здрави влакна. Инфекцијата се шири од лице на лице.

about
2047

Kerion Celsi е инфламаторна тинеа на скалпот, генерално предизвикана од зоофилни, геофилни и антропофилни дерматофити, придружена со силна воспалителна реакција.

Favus е фоликулит предизвикан од T. schoenleinii и моментално има преваленција во Шпанија. Почнува со мали еритемосквамозни полиња со слаба инфилтрација.

Pityrosporum фоликулитот може да се сретне на кожата на периферијата на склапот.

Folliculitis предизвикан од Candida се манифестира со понкогаш болни папули, нодули и пустули во влакнестите зони особено скалпот и брадата.

Бактериски фоликулити

Бактерискиот фоликулит може да биде суперфицијален или длабински, најчесто предизвикан од Staphylococcus aureus, streptococcus, proteus, pseudomonas или колиформни бацили. Предиспонирачките фактори вклучуваат хиперхидроза (зголемено потење), оклузија, мацерација, тракциона депилација, топични кортикостероиди и изложеност на масла и други хемиски супстанци, или може да резултира од ерозивна пустуларна дерматоза од S.aureus кај пациент кој имал операција на скалпот.

Суперфивицијален фоликулит (‘остеофоликулит’) е инфекција на фоликуларниот остиум, која се манифестира со болни еритематопапуларни перифоликуларни лезии.

Длабински фоликулит на скалпот и блиску до скалпот се манифестира со сикоза, фурункул, карбункул итн. Кога фоликулитот се шири преку инфундубулумот на влакното, тогаш резултира и со површински и со длабински апсцес. Се додека апсцесот не стигнува до булбусот, не настанува резудуална алопециа, опаѓање на влакното.

Неинфективни типови на фоликулит

Folliculitis decalvans capillitii (фоликулитис декалванс) ожилочен, цикатрициелен фоликулит на скалпот кој води до опаѓање на косата и алопециа. Природата на овој фоликулит е нејасна, но S. aureus е често изолиран од културата. Примарно ги афектира возрасните мажи, често имуносупримирани пациенти, или со дијабет, хронична бубрежна инсуфициенција или јатрогена имуносупресија. Инфламираните фоликули конфлуираат, прогредирајќи во длабочина и латерално, формирајќи фоликуларни папулопустули, кои чешаат, и предизвикуваат појава на мали полиња на цикатрициелна алопециа со фоликуларна фиброза. Кожата станува атрофична, личи на псеудопелада, додека на периферија продолжува да се формира фоликуларна пустула. Болеста е хронична и тешка да се контролира.

Folliculitis sclerotisans nuchae (keloidal folliculitis), келоиден фоликулит е ожилачна форма на хроничен фоликулит кој се манифестира со фоликуларни папули и пустули кои на крај резултираат во келоидна лезија. Најчесто се јавува на вратот и најчесто се јавува кај лица од црната но и од белата раса, особено врзан со себореичен дерматит и понекогаш со алопеција.

Tufted hair folliculitis се манифестира со снопче влакна формирано од 5-20 влакна, кои личат на нормални во фоликуларниот отвор кој останува во алопетичниот плак. Исто така изгледа дека е предизвикан од S. aureus, Иако е веројатно поврзан со имунодефициентни состојби или е од *невоидно потекло*. Се манифестира со ексудативни полиња на париеталните или окципиталните регии, и има тенденција на прогредира периферно оставајќи цикатрициелна алопециа во центарот.

Erosive pustular dermatitis е пустуларна дерматоза со ерозии и крусти кои го покриваат скалпот, претежно предизвикан од S. aureus, или поретко S. epidermidis, Pseudomonas aeruginosa, коагулаза негативен staphylococcus, diphtheroids, колиформи и Proteus mirabilis

Follicular mucinosis (алопециа муциноза) на скалпот се карактеризира со присуство на фоликуларни папули и индурирани плакови асоцирани со алопециа. Болеста е придружена со мукозни фунгоиди и ангиолимфоидна хиперплазија со еозинофилија, поретко со хроничен дискоиден лупус еритематодус. Има и друга форма која е идиопатска и ги афектира најмногу децата и младите а презентирана со групирани фоликуларни папули. Имаат тенденција да конфлуираат во помалку или повеќе дефинирани еритематозни плакови и со појава на алопеција.

Perifolliculitis capitis abscendens et suffodiens е сериозен деструктивен фоликулит со формирање на синусни трактови и фистули и води до цикатрициелна алопециа и е често дел од спектарот на хидраденитис супуратива. Се јавува речиси ексклузивно кај малди мажи и многу вообичаено кај црната популација. Причината е непозната, но се поврзува со рекурентни грам-негативни инфекции. Лезиите се мултипни, цврсти нодули на скалпот кои брзо се развиваат во флуктуирачки рабови кои на крај дренираат гноен материјал, и последично губење на косата.