ФОТОБИОСТИМУЛАЦИЈА

mezoterapija-pocetna

 

Според статијата објавена од Harvard Medical School (Hamblin M.R. Mechanisms of Low Level Light Therapy, Photobiology), ефектите на ЛЕД терапијата на косата произлегуваат од засилената клеточна пролиферација (делба) која води до засилен раст и брзо заздравување. Тоа за фоликулите на влакното значи подобрување на функцијата на матичните клетки од коренот, нивно енергизирање и пренасочување на процесот на изумирање на влакното во процес на стимулација на растот. Истиот принцип се однесува и на обновување на оштетените или ослабени крвни садови на скалпот преку промоција на неоваскуларизација и последователно обезбедувајќи им ја потребната здрава мрежа од крвни садови, микроциркулација на фоликулите. Испитувањата укажуваат дека ослабената циркулација на скалпот и постепеното губење на косата можат да се третираат со користење на комбинација од ласерска и лед фототерпија.

Телото е создадено од клетки кои генерално самите се способни за заздравување и обновување користејќи ја сопствената клеточна енергија позната како аденозин трифосфат или АТП. Кога кожата вклучително и кожата на главата, е оштетена, АТП ја стимулира клеточната регенерација за заздравување и обновување на оштетената зона.

Разни фактори, како лоша исхрана, возраст и општото здравје на кожата или скалпот детерминираат колку бавно или колку брзо клетките ќе се обноват. Меѓутоа, постои начин да се делува на тој процес на регенерација! Научните студии покажаа дека светлината со одредена бранова должина може да ја стимулира продукцијата на АТП за подобро клеточно обновување процес познат како фоторејувенација. Фоторејувенацијата е процес кој може да се поттикне кај било кои од клетките на кожата, вклучително и клетките од фоликулот на влакното.

Но, не може било која светлина да се користи за стимулација на клетките на кожата. Постојат опасни зраци светлина кои можат да ја изгорат кожата или да предизвикаат рак на кожата. ЛЕД е идеална за светлосна терапија, затоа што емитира светлина со ниска енергија која не ја иритира или гори кожата. Оваа светлина можете да ја апсорбирате и од сонцето но притоа Вашата кожа неселективно ги апсорбира и штетните УВ зраци од спектарот на светлина. Со ЛЕД фототерапијата, кога точна бранова должина на светлината блиску и интензивно се емитираат во Вашето тело, може да постигнат одлични ефекти. Клетките од кожата на главата, меѓу кои и клетките од булбусот на влакното кои го создаваат влакното ја апсорбираат светлосната ЛЕД енергија со одредена бранова должина. Во секоја клетка се наоѓа мала клеточна структура наречена митохондрија. Митохондриите се одговорни за конверзија на нутритиентите во енергетски носач научно познат како АТП. Овој АТП е гориво за сите клеточни активности. Во основа им дава на клетките енергија за нивна работа. Затоа митохондриите често се нарекуваат *електрани* на клетката. ЛЕД фототерапијата емитира светлина, која ги ексцитира митохондриите да продуцираат дури до 10 пати повеќе АТП, а најмалку 2-4 пати повеќе. Ова го засилува клеточниот метаболизам и ја промовира обновата на оштетените клетки и на ослабените, помалку функционални фоликули. На тој начин се стопира губењето на косата и се поттикнува растот на косата преку стимулација на работата на клетките да продуцираат влакно.

Но, освен за подобар раст на косата, во клиниката за коса 101 HAIR CLINIC, ЛЕД фототерпаијата има особено значење во третманите за побрзо заздравување и скратување на времето на рехабилитација после трансплантација на коса. Според American Society for Laser Medicine and Surgery, светлосната терапија кај оштетно ткиво може да индуцира низа од физиолошки реакции кои ќе го засилат и подобрат заздравувањето на раните и регенерацијата на ткивото, а исто така и намалување на акутното воспаление. Дури светлосната терапија помага во зголемување на степенот на преживување на трансплантираните влакна после операцијата на пресадување на коса.

ЛЕД фототерпијата со плава светлина пак има антибактериски ефект, ги убива бактериите кои создаваат акни, го регулира мастењето и има ефект на чистење на кожата. Овие бенефити на ЛЕД терапијата се користат кај кожа на скалпот која е воспалена, иритирана и инфицирана, особено кај фоликулит и себореичен дерматит.

ЛЕД фототерапијата со оглед на бројните позитивни ефекти може да се примени кај различни состојби и во комбинација со различна апаратура за третирање на разни проблеми на скалпот и косата.