ЦЕНТРИФУГАЛНА АЛОПЕЦИА

Централна центрифугална цикатрициелна алопециа се сретнува најчесто кај Афро-Американските жени околу 30-тите години. Се јавува и кај мажи. Поранешни термини биле фоликуларен дегенеративен синдром, псеудопелада кај Афро-Америкаци. За етиологијата сеуште се дебатира, но некои доктори веруваат дека хроничното користење на физички и хемиски трауматски процедури на косата (пр. хемиски исправувачи) се инволвирани во развојот. Како кај псеудопелада, симптомите и надворешните знаци на фоликуларно воспаление се обично минимални. Сепак некои пациенти чувствуват чешање, чуство на трнење, или осетливост на афектираниот скалп. Централниот дел од скалпот и вертексот се зфатени обично почнувајќи од средината на скалпот. Постепено, симетрични, центрифугално ширење на алопециата во форма на екстензии на пипци, се развива во тек на многу години. Афектираниот скалп е сјаен, розе обоен и мек на допир.

about
about

Тековните научни информации ја подржуваат тезата дека АГА има полигенетска природа. Сигнификантни асоцијации беа покажани со различни региони на генот за андрогени рецептори, кој е лоциран на Х-хромозомот, со користење на пристапот на кандидат ген. Неодамна, две независни студии идентификуваа осетлив локус на хромозомот 20р11. Кај повеќето мажи АГА ја афектира фронтотемпоралната зона и вертексот (теме) следејќи ја шемата која кореспондира со Hamilton–Norwood скала. Во некои случаи, мажите развиваат дифузно ослабување на круната на главата со ретенција на фронталната линија, со шема на дистрибуција која наликува на Ludwig типот кој се сретнува кај жени.