ШТО Е АНДРОГЕНА АЛОПЕЦИЈА?

ШТО Е АНДРОГЕНА АЛОПЕЦИЈА?

По современата дефиниција, андрогенетската алопеција (наследно губење на косата) е мултфакторијална состојба каде генетските фактори детерминираат специфична осетливост на фоликулите кон андрогените хормони и одредени инфламаторни состојби.

ДХТ е главниот андроген хормон кој делува на циклусот на раст на влакното и неговите димензии. Кај наследното опаѓање се намалува фазата на раст а фазата на опаѓање останува иста. Освен промената во динамиката на циклусот на раст се јавува и прогресивно намалување на целиот фоликуларен апарат и последователно на влакното. Фоликулите и влакната кои се цврсти и здрави, терминалните влакна се трансформираат во велусни и тенки влакна, процес наречен минијатуризација.

Стрес, лоша исхрана, пушење, лоши навики, алкохол допринесуваат процесот да се забрза или може да бидат тригер фактор за да отпочне. Ако генетиката сеуште не можеме да ја промениме тогаш можеме барем да влијаеме на контрола другите фактори.

Новите методи во третман пак овозможуваат одлична контрола на опаѓањето преку болкирање на дејството на ДХТ како и стимулација на фоликулот преку подобрување на функцијата на неговите клетки.