ШТО СО ПРОЛЕТНОТО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?

proletnoПосле детални анализи, истражувачи од Шведска потврдиле дека навистина овој вид на губење на косата е само сезонско. Сезонското опаѓање на косата е вообичаено кај цицачите, вклучително и луѓето, иако не се појавува само во есен. Се забележува зголемено опаѓање и во тек на пролетта иако есенското губење на косата е повпечатливо. Се смета дека недостатокот од сончева светлина во тек на зимата а последователно и намалената синтеза на витамин Д кој се покажа во последните истражувања како многу битен за косата, е причина за пролетното губење на косата. Независно дали е опаѓањето во пролет или во есен целиот процес е комплетно нормален и најчесто нема причина за преголема загриженост. Иако забележувате засилено опаѓање, тоа е обично во оние граници од 50 до 100 влакна дневно кои се сметаат за нормални.

Нормално, може да опаѓаат 50 до 100 влакна секој ден. Причината за тоа е што нашата коса има цикличен раст, и минува низ три фази, фаза на раст која трае 2-6 години, фаза на мирување 2-3 недели и фаза на опаѓање која трае околу 3 месеци. Обично 10% од косата нормално се наоѓа во фаза на опаѓање (телогена фаза) што и одговара на губење на 50-100 влакна дневно. Надвор од сезонското опаѓање дневното губење на коса е околу 50 влакна, а во тек на пролет и есен може да достигне и 100 влакна на ден. Тоа е сеуште во нормалните граници иако ние забележуваме поголемо опаѓање од претходно. Како што постои нормално губење на косата така постои и нормално обновување на косата. И косата која паднала во тек на сезонското опаѓање кај најголем број лица спонтано ќе израсне повторно.

Најчестото прашање кое се поставува и кое е сосем оправдано е колку трае сезонското опаѓање. Освен бројот на влакна како параметар и времетраењето на опаѓањето е битно за да се дефинира што е нормално губење на косата.

Обично сезонското губење на косата трае 4-6 недели и потоа се намалува,а косата почнува повторно да расте. Понекогаш и покрај познавањето на нормалните граници опаѓањето може да не вознемири до степен да не можеме да чекаме без да превземеме некои мерки. Тоа веќе е одлика на современиот човек. Детоксификација на телото е наједноставниот чекор, искористете го свежиот зеленчук и овошје што ги нуди пролетта. Но најбитен начин е саунирање на скалпот заради чистње на кожата од токсини,масажа на скалпот и оксигенација заради ревиталцизирање на структурите на кожата, и секако апликација на нутритивни тоници кои ќе ги надокнадат потребите од витамини, минерали и аминокиселини на косата кои се изгубиле во текот на зимата.101 Regain тоникот има силно антиоксидативно и нутритивно дејство. Меѓутоа, ако забележите дека косата бавно се обновува тогаш не треба да чекате спонтано да се реши проблемот. Уште побрзо треба да реагирате ако забележите дека косата почнува да опаѓа по одреден терк, на залистоци или теме кај мажи и круната на главата кај жени.

Тогаш сезонското опаѓање се смета како иницијален фактор кој допринел за порано манифестирање на карактеристиките на машката или женската наследна ќелавост. Тоа значи дека веќе не зборуваме само за сезонско опаѓање на косата туку за посериозен проблем на губење на косата.