101 B Formula

Кога е препорачливо да се користи овој производ?
101 bЦиклусот на раст на влакното има три фази, анагена фаза (фаза на формирање на влакното), потоа катагена фаза (фаза на транзиција) и последна телогена фаза (фаза на мирување и опаѓање). Значи фазата на опаѓање на косата е нормален дел од циклусот на влакното. Нормално опаѓаат 25 до 100 влакна дневно и тоа не треба да е загрижувачко, затоа што таа коса ќе се обнови. Алармантно е кога ќе се јави континуирано опаѓање со губење над 100 влакна дневно. Неопходно е веднаш да се превземат мерки за спречување на опаѓањето, за да не останат трајни последици. 101B формулата е наменета токму да го стопира опаѓањето на косата во почетните стадиуми на губење на косата. Не само што го регулира интензивното опаѓање на косата, туку и ја спречува конверзијата на тестостеронот во дихидротестостерон (ДХТ), кој е главниот причинител за развојот на машкиот тип на ќелавост. Дури и го блокира проврзувањето на ДХТ за рецепторите на клетките од коренот на влакното, со што директно оневозможува да се активира генетската порака за губење на косата. Исто така ја редуцира и секрецијата од лојните жлезди, што значително помага во создавањето на идеални услови за развој на здраво влакно.

Што да очекувате?
101B тоникот е многу корисен во почетните стадиуми на опаѓање на косата. За само 4 недели од почетокот на третманот целосно го запира опаѓањето на косата. Секако дека има индивидуална варијација во поглед на степенот на стабилизација на опаѓањето, и кај некои лица намалувањето и запирањето на опаѓањето може да се јави во вториот месец од третманот.

Како да се користи:
Зависно од површината која се третира, се нанесува 5-10 ml од 101B и се масира со врвовите на прстите за подобра ресорпција. Неопходно е кај интензивен третман да се нанесува 2 пати на ден, најдобро наутро и навечер, а кај посериозни случаи и 3 пати на ден.