101 FORMULA – СПЕЦИЈАЛНА ФОРМУЛА НАМЕНЕТА ЗА АЛОПЕЦИЈА АРЕАТА, ТОТАЛИС И УНИВЕРЗAЛИС

Кога е препорачливо да се користи?
101 Formula101 формулата е специјална комбинација од растителни екстракти која е наменета за третман на различни стадиуми на алопеција ареата, тоталис или универзалис. Предност е што нема ограничување и може да се користи и на веѓи и брада.

Ја поттикнува циркулацијата на крвта на ниво на фоликулите на влакното со што го подобрува и снабдувањето со потребни нутритиенти, витамини, минерали и аминокиселини. Последователно доаѓа до ревитализација на *заспаните* фоликули и промовирање на растот на косата. Ги нормализира и функциите на скалпот, регулирајќи го мастењето и перутот. Ако постои интензивно опаѓање на косата се препорачува првично 101B формулата за стопирање на опаѓањето пред да се почне со 101 формулата. Поради мултифакторијалната и имунолошки зависната природа на ова форма на опаѓање на коса понекогаш е потребна комплементарна терапија од соодветен специјалист.

Што можете да очекувате?
Правилно и редовно користење на 101 формулата може да даде оптимални резултати. Третманот трае подолго отколку кај другите форми на опаѓање и потребна е истрајност. После 4-6 месеци може да се очекуваат видливи резултати. Колку е понапредна и потешка формата на алопецијата, толку резултатите се послаби и помалку предвидливи.

Се аплицира два до три пати на ден и се масира со прсти за подобра апсорпција. Се препорачува количина од 5-10 ml за секоја апликација што одговара на 10 прснувања. Може да се нанесува и на веѓи кај лица со алопеција универзалис.