101 Formula

101-FORMULA

101 формулата е специјална комбинација од растителни екстракти која е наменета за третман на различни стадиуми на алопеција ареата, тоталис или универзалис. Предност е што нема ограничување и може да се користи и на веѓи и брада. Ја поттикнува циркулацијата на крвта на ниво на фоликулите на влакното со што го подобрува и снабдувањето со потребни нутритиенти, витамини, минерали и аминокиселини. Последователно доаѓа до ревитализација на *заспаните* фоликули и промовирање на растот на косата. Ги нормализира и функциите на скалпот, регулирајќи го мастењето и перутот. Ако постои интензивно опаѓање на косата се препорачува првично 101B формула за стопирање на опаѓањето пред да се почне со 101 формулата. Поради мултифакторијалната и имунолошки зависната природа на ова форма на опаѓање на коса понекогаш е потребна комплементарна терапија од соодветен специјалист.