101B

101B

101B формулата е наменета да го стопира опаѓањето на косата во почетните стадиуми на губење на косата. Не само што го регулира интензивното опаѓање на косата, туку и ја спречува конверзијата на тестостеронот во дихидротестостерон (ДХТ), кој е главниот причинител за развојот на машкиот тип на ќелавост. 101B во себе содржи природни активни ДХТ блокатори, го блокира поврзувањето на ДХТ за рецепторите на клетките од коренот на влакното, со што директно оневозможува да се активира генетската порака за губење на косата. Исто така ја редуцира и секрецијата од лојните жлезди, целосно ги чисти порите на влакното до самиот фоликул, што значително помага во создавањето на идеални услови за развој на здраво влакно.