Современа 101 FOOT Клиника се отвори во Македонија

 

f1Почитувани,

Ни претставува ОСОБЕНА ЧЕСТ и ЗАДОВОЛСТВО, да ве информираме дека започна со работа нов департмен 101 FOOT CLINIC во рамки на нашата клиника. 101 FOOT клиниката ќе се бави со нова медицинска гранка – ПОДОЛОГИЈА (дијагностицирање и лекување на сите видови заболувања на ноктите, стапалата и дланките).
101 FOOT клиниките за болести на нокти, стaпала и дланки располагаат со најсовремена дијагностичка опрема и високо обучен медицински кадар со меѓународно искуство.
Во рамки на својот концепт на работење 101 FOOT CLINIC претставува уникатен спој на современиот револуционерен пробив во европската медицина – Pythium oligandrum (интелигентни био микроорганизми), надополнет со модерната и иновативна Американска ласерска технологија одобрена од Американското биро за контрола на лекови (FDA).
Успешната приказна продолжува да живее…