5 СОВЕТИ ЗА ЗДРАВА И УБАВА КОСА ВО ЗИМА

После празничното опуштање време е да се вратиме на рутинската нега на косатаzima за да ја зачуваме нејзината убавина и здравје во тек на зимските месеци.

Ова се 5 совети наменети за мажи и жени, кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа :

1. Еден многу едноставен совет е да носите капа кога сте надвор затоа што капата ја штити косата од ветер, дожд и снег. Мажите кои ја бричат главата или ја носат косата многу кратко мораат задолжително да носат капа. Но ниту мажите ниту жените не ја сакаат сплесканата коса од капа. Затоа одберете волнена капа со свилена потстава. А жените исто така можат да ја замотаат косата во свилена марама пред да ја стават удобната волнена капа. Со тоа ќе го одбегнете и оштетувањето на косата поради триењето од волната и ќе го намалите статичкиот електирцитет. А ако не сте љубител на капа, тогаш за заштита на косата од атмосферските влијанија и намалување на електрицитетот користете специјални производи кои ќе формираат заштитна обвивка на влакното како Condition Naturelle, Leonor Greyl.

2. Во тек на зимските месеци, одлична идеја е еднаш неделно длабински да ја кондиционирате косата. Ова ќе овозможи да се врати хидратацијата на косата и скалпот, која лесно се губи поради сувата топлниа во нашите станови. Маска или масло богата со хидратантни состојки брзо ќе ја регенерираат косата и скалпот. Masque a l’orchidee или Huile de Plame, Leonor Greyl се идеални за зимската сезона. Мажите често чувствуваат сувост на скалпот во тек на зима затоа што нивниот скалп поради кратка коса е повеќе изложен на сушење. Масло за скалпот , Regenerescense Naturelle или поедноставно хидратантен спреј како Tonique Hydratant ќе помогнат да се врати еластичноста на скалпот.

3. Сведете го миењето на косата на минимум, одосно 2-3 пари во неделата што ќе помогне да не се пресуши косата и скалпот. Користете поблаги шампони без СЛС, парабени и силикон, а со кондиционирачки ефект, Bain volumateur aux algue или Shampooing crème moelle de bambou. Задолжително исушете ја добро косата пред да излезете. Не само за да спречите настинка туку и заради влагата која останала во влакното и која во комбинација со студениот воздух ќе го оштети влакното правејќи го суво и кршливо.

4. Редовно кратете ја косата за да ја одржите во добра состојба затоа што на тој начин ќе ја намалите можноста краевите на косата да расцветаат и да се осушат.

5. Намалете ги хемиските и термичките третмани на косата. Интензивни хемиски третмани како бланширање, бразилско фенирање итн. оставете ги за друга сезона. Намалете го и користењето на топлински апарати како пегла за коса, фигаро кои дополнително би ја исушиле косата. Секогаш кога ќе можете само обликувајте ја косата само со четка и фен.