Што е потребно да знаете за нега на коса-та во зима. Здрава, убава и негувана коса е сон на секоја модерна жена и маж. После празничното опуштање време е да се вратиме на рутинската нега на косата. За да ја зачуваме нејзината убавина и здравје во тек на зимските месеци.

Ова се 5 совети наменети за нега на коса во зима, за мажи и жени, кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа :

1. Еден многу едноставен совет е да носите капа кога сте надвор. Затоа што капата ја штити косата од ветер, дожд и снег. Мажите кои ја бричат главата или ја носат косата многу кратко мораат задолжително да носат капа. Но ниту мажите ниту жените не ја сакаат сплесканата коса од капа. Затоа одберете волнена капа со свилена потстава. А жените исто така можат да ја замотаат косата во свилена марама пред да ја стават удобната волнена капа. Со тоа ќе го одбегнете и оштетувањето на косата поради триењето од волната и ќе го намалите статичкиот електирцитет. А ако не сте љубител на капа, тогаш за заштита на косата од атмосферските влијанија и намалување на електрицитетот користете специјални производи кои ќе формираат заштитна обвивка на влакното.

2. Во тек на зимските месеци, одлична идеја е еднаш неделно длабински да ја кондиционирате косата. Ова ќе овозможи да се врати хидратацијата на косата и скалпот, која лесно се губи поради сувата топлниа во нашите станови. Маска или масло богата со хидратантни состојки брзо ќе ја регенерираат косата и скалпот. Мажите често чувствуваат сувост на скалпот во тек на зима затоа што нивниот скалп поради кратка коса е повеќе изложен на сушење.

3. Сведете го миењето на косата на минимум, одосно 2-3 пари во неделата што ќе помогне да не се пресуши косата и скалпот. Користете поблаги шампони без СЛС, парабени и силикон, а со кондиционирачки ефект, Задолжително исушете ја добро косата пред да излезете. Не само за да спречите настинка туку и заради влагата која останала во влакното и која во комбинација со студениот воздух ќе го оштети влакното правејќи го суво и кршливо.

4. Редовно кратете ја косата за да ја одржите во добра состојба затоа што на тој начин ќе ја намалите можноста краевите на косата да расцветаат и да се осушат.

5. Намалете ги хемиските и термичките третмани на косата. Интензивни хемиски третмани како бланширање, бразилско фенирање итн. оставете ги за друга сезона. Намалете го и користењето на топлински апарати како пегла за коса, фигаро кои дополнително би ја исушиле косата. Секогаш кога ќе можете само обликувајте ја косата само со четка и фен.