7 СОВЕТИ ЗА “ОДМОР“ НА ВАШАТА КОСА

odmorЛетото носи преубави визии за долга коса природно нијансирана од сонцето, која се вее на ветрето.
А, реалноста?!
Летното сонце, неподносливите температури и зголемената влажност на воздухот може да ја оштетат кутикулата на влакното правејќи ја косата сува, кршлива, груба и расцветана.
Оваа недела ќе ви дадеме основни совети кои ќе спречат оштетување на косата и ќе ви овозможат да имате прекрасна коса во лето!

1. Одморете ја косата од агресивни шампони. Морате да бидете нежни со косата во текот на летото.
Користете благи шампони и шампони кои се кондиционирачки, повеќе хидратантни, затоа што на вашата коса и се потребни природните маснотии за заштита од сонцето.
Користете шампони кои не содржат штетни сулфати, парабени и силикон, но содржат екстракти од бамбус, кокос, алги, амарант, мед…
Кај жени го препорачуваме Leonor Greyl од Creme Moelle de Bamboo, Bain Volumateur aux Algues, Reviviscence, а кај мажите Shampooing au Miel.
Кога можете завршете го миењето на косата со поладна вода затоа што тоа ќе и даде сјај на косата. Топлата вода ја остава кутикулата груба и нерамна, а ладната и дава мазност и сјај. Секако ефектот е привремен, но мора и правилно да ја исушите, како и стилизирате потоа, ако сакате да остане убавиот и сјаен изглед.