98% ЧИСТ КИСЛОРОД ДИРЕКТНО ВО ФОЛИКУЛИТЕ НА ВЛАКНОТО ЗА ПОВТОРЕН РАСТ НА КОСАТА – МЕТОД НА ФОЛИКУЛАРНА КИСЛОРОДНА ИНФУЗИЈА

оџѕ

Бројни истражувања се насочени кон тоа да ги откријат причините за опаѓање на косата. Континуирано научната мисла во овој сегмент се развива и се појавуваат нови но потврдени ставови, кои помагаат во зголемување на ефективноста во третирањето на проблемот со губење на косата. Сепак, на крај се сведува дека опаѓањето има мултифакторијална природа и многу фактори влијаат на равојот на ќелавоста.
Генетиката, андрогени хормони (ДХТ) и возраста се трите основни фактори.
Последните години и покрај многуте нови информации , истражувањата сепак се навраќаат и на влијанието на циркулацијата и кислородот на опаѓањето на косата. Многу експерти веруваат дека локалната хипоксија може да е основата на патофизиолошкиот механизам преку кој возраста, генетиката и андрогените хормони делуваат за да предизвикат ќелавење.

Општо познато е дека циркулацијата е битна за донесување на нутритиенти и кислород до фоликулот на влакното и дека во услови на слаба циркулација влакното има недоволно *храна*. Но, уште побитно е дека во услови на недостаток од кислород се зголемува конверзијата на тестостерон во ДХТ! А, покачените нивоа на ДХТ пак ја намалуваат оксигенацијата на фоликулот на влакното.
Се покажало дека скалпот кај лица кои ја губат косата има недостаток од кислород (хипоксија), и дека микроваскулатурата (крвните садови) околу фоликулот се дефициентни споредено со истите параметри во нормален скалп. *Гладта* за кислород води до намален раст на косата и компромитирани клеточни механизми на обновување.

Локалната хипоксија може да е основата на патофизиолошкиот механизам преку кој возраста, генетиката и андрогените хормони делуваат за да предизвикат ќелавење.
Ефектите на ДХТ (дихидротестостерон) кај машката ќелавост се поврзани со микроваскуларни дефициенции. Покачувањето на андрогената (ДХТ)продукција во зоната на скалпот ја инхибира митозата и индуцира инсулинска сензитивност во фоликуларната зона. Оваа инсулинска отпорност понатаму индуцира вазоактивни супстанци кои предизвикуваат микроваскуларна инсуфициенција и локална ткивна хипоксија со прогресивна минијатуризација на фоликулите на влакното. Еднаш кога *гладта* за кислород е иницирана од ДХТ, производството на енергија во клетките од хипоксичната зона исто така е прекинато. Во услови на недостаток од кислород, митохондриите ( енергетските *фабрики*)на клетката стопираат со работата како еден вид механизам на преживување.

За растот на косата потребно е да се надмине недостатокот на кислород предизвикан од прекумерната ДХТ продукција. Една од целите на црвената светлина од Ласерската терапија е да се реоксигенира ткивото и да се *оживеат* митохондриите за да може да продолжи созадавњето на енергија и работа на клетките од фоликулот на влакното. Ласерската биостимулација е основата на секој третман за поттикнување на растот на косата. Но,овој третман дополнет со позитивните ефекти од кислородната инфузија дава уште подобри резултати,нагласуваат од 101 Hair клиниката за проблеми со коса и скалп.
Кислородната инфузија пак директно во ткивата емитира 94-98% чист кислород под притисок дупло поголем од атмосферскиот

Клиничките студии покажале дека оваа неагресивна техника обезбедува трансдермален премин на гасот преку желздените анекси на кожата (пилосебацеалниот апарат-пората на влакното и потните желзди) и интерцелуларно и/или трансцелуларно.Во тек на фазата на емисија инфузираниот кислород има латентен период во тек на кој постигнува баланс со кожата. Штом ќе се постигне точката на балансот,констатен проток почнува.Кислородната инфузија делува на васкуларниот гломус ( сплет од крвни капилари) лоциран во ретикуларниот дермис, каде всушност се наоѓа и коренот на влакното. Бројни клинички студии покажаа дека терапевтскиот ефект на кислордоната инфузија произлегува од неговите ангиогенетски карактеристики (создавање на крвни капилари). Всушност,кислордната инфузија делува на три примарни компоненти на сврзното дермално ткиво,одржување на адекватна количина на глукозаминоглукани (хијалуронска киселина), еластични и колагени влакна во квалитет и кванитет, едноставно кажано го подмалдува ткивото околу фоликулите и подобро го васкуларизира. Клинички студии покажале дека кислородната инфузија е многу ефективна и кај третман на акни на лицето, секако и фоликулит на скалпот како и псоријаза благодарение на неговото антиинфламаторно и себорегулатрно дејство. Истите студии покажале дека кислородната инфузија не го зголемува создавањето на слободни радикали, туку го спречува разградувањето на гликозата во клетките, преку спречување на дегенерацијата на клетките.

Со кислородната инфузија можат ефективно да се пренесат различни активни супстанци и медикаменти во кожата и до фоликулот на влакното,без да се повреди или оштети кожата и безболно.
На тој начин ги имаме позитивните ефекти од самата кислородна инфузија , но и ефектите од супстанцата која се *вбризгува* на овој начин.
И на крај, и самата масажа при кислородната инфузија ја подобрува циркулацијата и снабдувањето на фоликулот со кислород и нутритиенти.