ТРЕТМАН ЗА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ НА СКАЛПОТ И КОСАТА

aging-mk            mastenje

Третманот за ревитализација и против стареење на скалпот и косата е неопходен третман ако се земе во предвид дека од процесот на стареење не е поштеден ниту еден орган од нашето тело. Освен тоа, стареењето на скалпот и на фоликулот на влакното последователно е најинтензивно и најбрзо, дури 6 пати побрзо од кожата на лицето. Современата апаратура овозможува стимулација на циркулацијата заради подобро снабдување на скалпот со кислород и нутритиенти. Најбитно е што современтите терапевтски методи и постапки обезбедуваат подобра синтеза на колаген во скалот кој најбрзо се губи во процесот на стареење. Скалпот е оксигениран, хидратиран, богат со колаген и последователно еластичен и ревитализиран. Фоликулот на влакното исто така е стимулиран на активност и има подобрена функција продуцирајќи здраво и цврсто влакно.