Опаѓање на косата во кругови (Alopecia areata) е состојба кога целосно се губат влакна во полиња со различна форма на една или повеќе зони на телото, а обично на скалпот. Зафаќа 0.1%–0.2% од популацијата, а може да се јави кај возрасни и кај деца, дури и кај оние со добро здравје. Станува збор за автоимуно заболување на косата. Блага форма со појава на полиња без коса. Почнува со појава на мали полиња со изгубена коса кои постепено се поврзуваат и формираат поголеми полиња. Кожата во полето е мазна, бледа и стаклесто отсјајува, без ниту едно влакно. Во 1-2% од случаите може да се рашири на целиот скалп, состојба наречена  . Автоимуно заболување на косата. Се развива и манифестира исто како алопеција ареата но во многу поагресивна форма, со интензивно губење на косата, кое завршува со целосно опаѓање на косата.

Alopecia universalis е губење на влакната како на скалпот така и по целото тело

Се јавува почесто кај лица со фамилијарна историја на појава на ова форма на губење на коса. Дури 25% од лицата со Alopecia areata имаат фамилијарна историја, што укажува на влијанието на наследните фактори. Студиите укажуваат на постоење на најмалку 4 места во геномот кои веројатно содржат гени на алопеција ареата.

Исто така поголема веројатност има да се појави кај лица со историја на автоимуни заболувања, како астма, алергии, атопичен дерматит, хипотироидизам. И алопеција ареата се смета дека е автоимуно пореметување кај кое телото ги напаѓа сопствените фоликули на влакно и го супримира или спречува растот на влакното. Т-лимфоцитите од имунолошкиот систем се насобираат околу афектираните фоликули предизвикувајќи воспаление, ослабнување на циркулацијата и намалена исхрана на коренот на влакното. Афектираните фоликули се намалуваат, драстично ја забавуваат функцијата и продукцијата на влакно. Видливо влакно над површината на косата може да нема со месеци или години. Скалпот е најчесто предилекционо место, но и брадата или друг космат дел од телото може да биде зафатен.

Постојат докази кои укажуваат дека Alopecia areata го зафаќа делот од фоликулот кој е асоциран со бојата на влакното. Косата која станала сива нема да биде афектирана.

Причини и симптоми на ареата (опаѓање на косата во кругови). 

Како причини за појава на оваа форма на опаѓање се јавуваат следните неколку фактори: стрес, алергиска реакција, бактериска и вирусна инфекција, генетска предизпозиција, долга хемиска експозиција, па дури и физичка траума.

Типичните први симптоми се мали, голи полиња без влакна. Може да имаат различна форма, а најчесто се кружни или овални. Кожата е без лузни и површински изгледа нормално, но се забележуваат жолти чепови кои ги запушуваат порите на влакното. Може да се чувствува болка или боцкање,состојба наречена триходинија. Се јавуваат најчесто на скалпот и брадата, но можат да се јават на било кој космат дел од телото. Опаѓањето на косата обично е интензивно и е поизразено на една страна од скалпот. Влакната имаат нарушена морфологија и добиваат изглед на извичник. Лесно се кубат. Се јавуваат и промени и дефекти на ноктите.