Правилното миење и сушење на косата е една од битните секојдневни рутини кои е потребно да ги практикувате.

Во продолжение прочитајте ги советите кои ќе ви помогнат за тоа како би требало да изгледа правилното миење и сушење на косата.

• Добро наводенете ја косата со млака вода.

• Ставете го шампонот на вашите дланки и истријте ги заедно, потоа нанесете на вашиот скалп.

• Масирајте го скалпот со нежни движења на врвовите од вашите прсти. Постепено од скалпот со прстите распоредете го шампонот кон врвовите на вашата коса.

• Добро исплакнете со млака вода притоа наведнувајќи ја главата нанапред додека се наоѓате под тушот.

• Доколку не користите шампон кој во себе содржи и кондиционер, нанесете малку кондиционер на вашите дланки, добро истријте го и нежно нанесете единствено на врвовите и по должината на вашата ксоа но не и на скалпот. Оставете да дејствува неколку минутки и потоа добро исплакнете со млака вода.

• Шампони во комбинација со кондиционери може да бидат многу еективни за повеќето мажи со кратка коса и коса која не е оштетена.

• Исушете ја косата со нежно тапкање со помош на пешкир, немојте да го триете скалпот и косата. Немојте да ја сушите косата со фен додека е уште со капки вода.

• Препорачливо е да ја исчешлате косата додека е сеуште влажна. Доколку сте користеле кондиционер не би требало да имате проблем со расчешлување на локните. Задолжително користете четка со природни влакна од свиња заради најдобро одржување на здравјето на вашата коса.

• Ако користите пена, гел, или друго средство за стилизирање на косата, тоа е најдобро да се примени откако ќе се исуши косата, но не и на влажна коса.

• Доколку задолжително користите фен за сушење на вашата коса, внимавајте при нејзиното сушење. Секогаш внимавајте да не го насочувате фенот на едно исто место подолго време. Доколку е можно сушете ја косата притоа уклучувајќи го фенот на минималната топлина и на минималното дување. Преголемата топлина значително ке ја оштети вашата коса во континуитет.