Многу често поставувано прашање е дали фарбање на косата во тек на бременоста е штетно или не. По однос на здравјето на жената и по однос на нејзиниот плод. Во продолжение даваме детално обајснување за овој мит или вистина.

Иако ограничени сепак постоечките докази укажуваат дека е веројатно безбедно да се фарба косата во тек на бременост. Организацијата за информациски услуги од тератологија (ОТИС), која обезбедува информации за потенцијални репродуктивни ризици, укажува дека испитувањата на животни потврдуваат дека нема опасност. И нема извештаи за тврдењето дека фарбата за коса предизвикува промени кај бременоста. Независно од фактот што многу жени ја фарбаат косата во тек на бременост. ОТИС исто така потенцира дека многу малку од хемикалиите од фарбата се апсорбираат во нашиот систем.

Природните фарби за фарбање на косата се добра алтернатива ако сакате да избегнете користење на синтетски хемикалии во тек на бременост. Чиста кена (Lawsonia inermis) – полутрајна природна фарба која се користи илјадници години се смета за безбедна. Но, внимателно и со разните бои кои се појавуваат на овој производ.

Според Американскиот колеџ за Акушери и Гинеколози, фарбите за коса се веројатно безбедни во тек на бременост. Бидејќи многу малку од фарбата се апсорбира преку кожата. Сепак, битно е да се внимава и затоа многу здравствени работници препорачуваат да се одбегнува фарбање во првите месеци од бременоста.

Додека апсорпцијата преку кожата е минимална, вниманието треба да биде насочено на испарувањата во тек на фарбањето и други фризерски процедури. Трајните фарби содржат амонијак кој е силно хемиско испарување. Препораката е да се одбегнуваат вакви фарби. Исто така испарувањата и од хемикалии за исправување на косата треба да се избегнуваат, како кај бразилско фенирање.
Семи перманентни фарби, растителни фарби или некоја форма на шатирање може да се сметаат за побезбедни кај бремноста.

Според д-р Amy Burkett, MD, спец.гинеколог и раководител во Summa Health System во Akron, Охајо, нема студии кои докажале дека фарба за коса е опасна за развојот на фетусот. Внимание треба да се скрене кон производи за коса кои содржат формалдехид. Кој е канцероген и кој треба да го одбегнува секоја жена, не само бремените. Секогаш проверете го составот на производот пред истиот да решите да го нанесете на вашата коса и скалп.