Тироидна-та жлезда е мала жлезда, која има форма на пеперутка и е сместена во вратната регија, над Адамовото јаболко. Произведува тироидни хормони: Т3 и Т4. Кога нејзината нормална функција ќе се промени, знае да биде причина за сериозни здравствени проблеми.

Дисбалансот на тироидните хормони го нарушува циклусот на раст на влакното!

И покрај терапијата косата продолжува да опаѓа? Опаѓањето и ослабнувањето на косата кај жените може да биде првиот симптом кој укажува на проблем со тиродната жлезда. Интензивно истенчување на косата обично е поврзано со хипертироидизам (зголемена функција на тироидна жлезда). А алармантно опаѓање е присутно кај хипотироидизам (намалена функција на тироидна жлезда). Исто така, промени во текстурата и квалитетот на косата со сувост, кршливост, заплеткување и сувост на кожата се типични промени на косата и скалпот кај намалена функција на тироидната жлезда.

Косата има циклус на раст кој се одвива во три фази, фаза на раст, фаза на мирување и фаза на опаѓање. Кај хипер или хипотироидизам механизмот на регулација на циклусот на раст се прекинува и губи баланс. Тироидните малфункции предизвикуваат фоликулите на влакното да останат подолго време во фаза на опаѓање, со што нормалниот циклус е пореметен и опаѓањето на косата е зголемено. Исто така, индиректно преку пореметување на менструалниот циклус, тиродниот дисбаланс предизвикува опаѓање на косата.

Адекватна терапија препишана од ендокринолог е неопходна. Кај добар процент од жените само со основната терапија за тироидната жлезда и опаѓањето на косата се стабилизира.

За жал, не е така кај сите!

Често опаѓањето продолжува и понатаму со голем интeнзитет и губењето на косата станува се повоочливо.
Некои од лековите за хипотироидизам (левотироксин), кај одредени пациенти може да предизвикаат опаѓање на косата. Иако примате терапија, косата продолжува да опаѓа!

Хормонално индуцираното опаѓање на косата се случува кога ензимот 5 алфа редуктаза го претвора тестостеронот во дихидро тестостерон кој го напаѓа фоликулот на влакното и ја намалува неговата функција. Оваа конверзија се чини дека е забрзана кај некои пациенти со хипер или хипотиродиам и може да биде причина за пролонгирано опаѓање.