ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :Имам 27 години и косата ми опаѓа. Имаме генетска алопеција (наследно опаѓање на коса) кај членови во фамилија но тоа им се случувало во подоцнежните години. Кај мене пред 3-4 години се јави интензивно опаѓањето на косата. Кое сега не е толку изразено ама косата веќе е проретчена. Работам многу напорно, неправилно се хранам и сум под голем стрес.

ОДГОВОР ОД ДОКТОР ТРИХОЛОГ:

Нашите како и светските анализи покажуваат дека губењето на косата се појавува на сè помлада возраст. Најголем број од нашите пациенти, за жал се на возраст меѓу 20 и 30 години. Наследната компонента (генетска алопеција) укажува на тоа дека вие имате предиспозиција да ја губите косата.

Но, стилот на живот, здравствената состојба, хормоналниот статус, начинот на исхрана, негата на косата детерминираат во кој момент ќе се манифестира опаѓањето на косата. Личностите кои имаат динамично темпо на живот, како што и вие споменавте , не се хранат правилно.

Освен нередовниот ритам на исхрана обично квалитетот на храната е компромитиран. Затоа што претежно прибегнувате кон брза храна. Таквата храна нема доволно нутритиенти, како протеини, витамини и минерали, кои се неопходни за косата. Исто така и стресот делува на опаѓањето на косата. Но, косата не опаѓа од краткотраен стрес. Косата опаѓа кога имате стрес кој влијае на комплетниот ритам на вашиот живот, значи не спиете добро, не јадете добро , се покачуваат нивоата на хормоните на стрес. Кај вас веројатно станува збор за акутен ефлувиум на кој се надоврзала наследна ќелавост.

Со трихолошка анализа на косата и скалпот за да се установат промените на косата, состојбата на фоликулите, типот на скалп може точно да се утврди која форма на опаѓање ја имате и колку последици оставила по косата, како и кои се можностите за раст. Поради наследната предиспозиција вие мора да се грижите добро за здравјето на вашата коса. Нормален ритам на живот, квалитетна исхрана богата со протеини, витамини од Б група, витамини А, Д, Ц , минерали цинк, селен, железо се неопходни. Дополнително локален третман на косата со адекватни тоници, дополнет со ласерска биостимулација епотребен за да се подобри функцијата на фоликулите и да се врати густината и квалитетот на косата.