Имам мастење на косата, ги пробав сите шампони кои ме советуваа но ниту еден не помогна. Пробав и специјални за мастење кои уште повеќе ми го потенцираа мастењето па и дури бебешки затоа што мислев дека другите ми се премногу силни. Косата морам да ја мијам секое утро за да имам фризура. Но не се чувствувам самоуверено зато што до крајот на денот веќе е масна. Што треба да превземам?

ОДГОВОР ОД ДОКТОР ТРИХОЛОГ:

Адекватен шампон и соодветна фреквенција на миење на косата е предуслов за да го решите мастењето на косата. Вие имате природно масна коса и не можете да очекувате дека таа ќе стане нормална.
Но, можете да го контролирате мастењето и да овозможите добар изглед на косата.

Премногу силни шампони против мастење на косата кај жени навистина не помагаат затоа што го пресушуваат скалпот. Особено ако секојдневно се мие косата. Кај жени најдобро е миење преку еден ден со шампон кој е наменет за масна коса за жени. А мажи може да ја мијат косата и секој ден со адекватна комбинација на шампон. Никако не смеете да користите бебешки шампон затоа што тој не може доволно да ја исчиси кожата бидејќи е преблаг. Шампоните за масна коса треба да бидат без силикон и без парабени, по можност органски или со природни состојки, за да не ги зачепуваат порите на влакното, како што е Oil Controling by ZhangGuang. Тоник за регулација на мастењето е совршен после миење на косата, пр. 101 G, чии растителни екстракти ќе ја регулираат акативноста на лојните жлезди.

Исто така, зачепувањето на порите на влакното го потенцира проблемот со мастењето. Обично препорачувам и сауна третман на масната коса и скалп, на секои 3-4 недели, кој ќе помогне длабински да се исчисти скалпот. Слично како третманот за лице. Тој третман ќе обезбеди чистење на скалпот, но ќе даде и еластичност и волумен на косата.