ION SONIC – 80%-тна апсорпција на сите препарати во најдлабоките слоеви на кожата и скалпот

ion sonicintomedi ion sonic е моќен апарат за домашна употреба, специјално развиен за лица кои сакаат ексклузивна нега на својот скалп и кожа со помош на едноставен и безбеден метод, притоа избегнувјќи ги медицинските третмани кои вообичаено се доста скапи и во себе вклучуваат мошне комплицирани и сложени постапки. intomedi ion sonic е дизајниран да ги стимулира и регенерира клетките на скалпот и кожата и на тој начин да го зачува квалитетот, структурата и здравјето на скалпот и кожата. Само здрав скалп може да генерира раст на здрава и густа коса.

Функцијата на дејствување на овој апарат се базира на ion+, ion- и ултразвук.
Механизмот на дејство на ion+ овозможува ексфолијација на површинскиот слој односно чистење на порите на скалпот и кожата од наталожените мртви клетки, нечистотија и остатоци од синтетички средства присутни во најголем дел од препаратите за нега на коса. На тој начин се врши целосно чистење на скалпот и кожата од различните отпадоци, вклучително различни хемикалии и метали присутни во дермисот.

Механизмот на дејство на ion- овозможува длабинско пенетрирање на состојките од нанесените тоници и препарати на скалпот и кожата. Клиничките студии покажале дека и најефикасниот тоник односно препарат доколку не навлезе длабински, неговото дејство и ефикасност значително се намалува. Нанесувањето на тониците и препаратите за коса со блага масажа овозможуваат длабинско продирање на само 5-10% од истите во оној слој од скалпот каде најповеќе се потребни ваквите нутритиенти. Тоа значи дека најголем дел од препаратот односно околу 90% или останува на кожата и скалпот и после некое време испарува односно се губи. На тој начин значително е лимитирано дејството на самиот препарат и е значително намалена неговата ефикасност. ion- функцијата овозможува длабинско продирање на сите нанесени препарати на скалпот и кожата и нивно искористување во длабоките слоеви на дермисот и до 80%. На тој начин го максимизира дејството на нанесениот препарат со што влијае на скоро целосно искористување на позитивните ефекти од нанесениот препарат.
Механизмот на дејство на ултразвукот е заснована на блага масажа со ниско фрекфентни ултразвучни бранови со што се овозможува подобра циркулација во скалпот и кожата што придонесува кон зголемен доток на кислород, нутритиенти и други потребни хранливи состојки во коренот на влакното и на тој начин се стимулира целосна потхранетост на фоликулот и се создаваат идеални услови за повторен раст на цврсто, дебело и здраво влакно.
Овој моќен апарат само дополнително овозможува мултиплицирање на дејството на тониците против опаѓање на косата, за повторен раст на косата и за целосна нега на косата.