MИКРОНИДЛИНГ МЕЗОТЕРАПИЈАТА Е ОПТИМАЛНА СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА

MИКРОНИДЛИНГ МЕЗОТЕРАПИЈАТА Е ОПТИМАЛНА СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА

Многу често кај жени се преклопуваат формите на опаѓање. Телоген ефлувиум може значително да го влоши постоечкото наследно губење на косата.
Кај нашата пациентка знаци на андрогенеткса алопеција постојат неколку години наназад. Постепено истенчување на косата со губење на волумен и квалитет се забележуваат подолго време. Но после породувањето се јавува нагло опаѓање на косата во форма на телоген ефлувиум што наследното опаѓање го влошува за еден стадиум повеќе. Пациентката се јави кај нас после година дена од породувањето.

Трихолошката анализа на косата и скалпот покажа сигнификатно истенчување на косата и силно намален број на влакна. Скалот имаше знаци на исктенчување а фоликулите тенденција кон атрофија. Ако не се користи терапија и не се поттикне функцијата на фоликулите, ќе настапи комплетно изумирање.

Докторките-трихолози од 101 Hair Clinic веднаш почнаа со интензивна терапија за стимулациа на растот накосата. Двојна стимулација со различни тоници ја врати функцијата на корените и почна продукција на нови влакна. Резултатите во растот брзо беа приметливи, но терапијата продолжи за да се зајакне квалитетот на косата.
Густината на косата е многу добра, а волуменот на косата
одличен.