MICRONEEDLING МЕЗОТЕРАПИЈА – НАЈСОВРЕМЕН АМЕРИКАНСКИ МЕТОД ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

microМезотерапијата со Microneedling апаратура е безбедна, едноставна научно докажана метода за повторен раст на косата. Применета е од страна на најпрестижните американски клиники, како најнов научен третман за раст на косата со клинички докажана ефикасност.
Microneedling мезотерапијата е серија на речиси безболни микроинјектирања на витамини, минерали, и DHT блокатори во поткожното ткиво на скалпот (мезодерм) со цел ефикасно да помогнат во повторниот раст на косата кај машки тип на ќелавост, особено во почетните стадиуми и кај прераното губење на косата. Во овие состојби Мезотерапија претставува мошне ефикасен метод со кој се постигнува целосно враќање на изгубената коса и запирање на процесот на понатамошно губење на косата.
Microneedling е најнова и најсофистицирана техника која ја надмина употребата на класичната Мезотерапија, затоа што користи специјално дизајниран автоматизиран инструмент со микро иглички со дијаметар од 1-2 мм за скоро безболно, нехируршко, помалку непријатно но сигурно инјектирање на потребните активни компоненти под кожата на скалпот директно околу фоликулите на влакното, каде е најпотребно.
Третманот со Microneedling мезотерапија дополнително делува на зголемување на циркулацијата на крвта во скалпот и стимулирање на активноста на фоликулите на косата. MesoHair, преку микро-инјекции со дијаметар од 1-2 мм, обезбедува специјално патентираната формула со бакарни трипептиди, моментално една од најактивните компоненти, да продре под скалпот длабоко до фоликулите на косата. Активните трипептиди, одобрени од FDA (Американското биро за храна и лекови-најпрестижна здравствена регулаторна институција во светот) ја обновуваат функцијата на фоликулите за да повторно продуцираат здрави, цврсти и пигментирани влакна. Покрај активниот трипептид, формулата во себе содржи и екстракти од плацента и матични клетки, што го става овој третман меѓу најефикасните во борбата против губењето на косата.
12-недела рандомизирана, компаративна, евалуирана студија беше спроведена во Одделот за дерматологија при Lokmanya Tilak Muncipal Медицински колеџ и болница, Сион, Мумбаи од октомври 2011 до јуни 2012 година. Вкупно 100 мажи со андрогена алопеција беа вклучени во студијата. Тие беа случајно распоредени во Microneedling и миноксидил група со користење на метод на “фрлање паричка”. Кај сите пациенти скалпот беше избричен пред почетокот на третманот за да се обезбеди еднаква должина на косата. Во Microneedling групата, пациентите добиваа еднаш неделно Microneedling третман на скалпот.
Примарно беа оценувани 3 параметри на ефикасност: промена во бројот на влакна по 12 недели, проценка на пациентот за раст на косата по 12 недели, и проценка на истражувач за раст на косата по 12 недели.micro 2
• Промената во бројот на влакна по 12 недели третман беше примарна варијабла на ефикасност. Имаше постојан пораст на бројот на влакна во целната област кај пациентите во Microneedling групата.
• Бројот на нови влакна (раст на нова коса) беше значително поголем во Microneedling групата во споредба со миноксидил групата

• Повторното растење на косата визуелно се забележува после околу 6 недели во Microneedling групата
• Брз раст на постојната коса беше видлив после 1 недела кај Microneedling групата.