Проблеми со Опаѓање на Коса

Има огромен број на причини кои можат да доведат до губење на косата. Генерално, алопециите се поделени во две групи: цикатрициелни (со формирање на ожилачно ткиво) и нецикатрициелни.Цикатрициелни алопеции се типично предизвикани од инфламација која резултира со деструкција на фолукулот што води до иреверзибилно губење на влакното. Причините за оштетување на фоликулот се воспалителни пореметувања како дискоиден лупус еритематозус, лихен планопапиларис, целулитис, фоликулитис декалванс, алопеција муциноза, централна центрифугална алопеција, фронтална фиброзирачка алопеција и келоидални акни, но исто така и некои габични инфекции, хемикалии кои се користат за исправување на косата, механичка тракција.

Нецикатрициелни алопеции се многу почести отколку цикатрициелните и во оваа група спаѓа и најпревалентната форма на опаѓање наречена андрогенетска алопеција, потоа следува алопеција ареата, телоген ефлувиум, трихотиломанија и тракциона алопеција, себорeичен дерматит, како и некои помалку чести состојби. Понекогаш тиродни заболувања, системски лупус еритематозус, дерматофитни инфекции, секундарен сифилис можат да предизвикаат алопеција. Нецикатрициелно истенчување на косата се јавува и како последица на природното стареење, и се означува како старечка алопеција. Андрогенетската алопеција е најчестата форма на губење на коса и е толку вообичаена што експертите сметаат дека треба да се смета за нормална варијација, како плави очи на кафева коса.

Проблеми со Скалп

Постојат низа ралични проблеми со скалпот кои можат да се појават како кај мажи така и кајжени. Тие проблеми можат да се однесуваат на состојби како што се себореичен дерматит, псоријаза, фоликулит па се до перутеwе на кожата на главата. Доколку не се третираат, некои од овие состојби на скалпот можат да доведат до опаќање на косата.

Проблеми со Квалитет на Влакно

Мазната, сјајна коса има многу покомплексна структура отколку што можете да замислите. Влакното може да се спореди со дрво, целата влажност, хидратација лежи во центарот, заштитена со цврста заштитна обвивка. Ако обвивката е добро одржувана целото влакно останува во добра состојба. Но ако заштитата е отстранета, се експонира најбитниот слој на влакното, кортексот, и влакното може да се скрши. Кортексот го изградува најголемиот дел од влакното. Кортексот е тој кој ги дава специфичните квалитети на влакното, како еластичност, текстура, боја и цврстина. Се состои од кератински снопови густо спакувани по должина на влакното. Кератинските влакна се изградени од нискосулфурно кератини, и се компримирани во групи од поголеми снопови. Здравата кутикула е повеќе од само заштитен слој. Најголемиот дел од сјајот кој ја прави косата толку атрактивна произлегува токму од состојбата на кутикулата. Овој сјај заедно со пигментот во кортексот и го дава на косата нејзиниот карактеристичен, уникатен изглед.