АНАГЕН ЕФЛУВИУМ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Анаген ефлувиум е нецикатрициелна алопеција која се манифестира со енормно опаѓање на косата. Понекогаш доаѓа до целосно губење на косата.

Нормалните човечки влакна можат да бидат класифицирани според трите фази на раст на влакното: анагени, катагени и телогени. Анагените влакна се во фаза на раст, во тек на која клетките од матриксот на влакното покажуваат интензивна митотичка активност. Од околу 100 000 влакна на просечен скалп дури 85-90% се наоѓаат во фаза на раст во било кој момент. Поради тоа анагениот ефлувиум афектира огромен процент од косата на скалпот.

Анагениот ефлувиум се јавува кога некој инсулт на влакнениот фоликул ќе ја поремети неговата митотичка или метаболичка активност. Почетокот на анагениот ефлувиум е многу брз. Кај некои индивидуи цели снопови коса паѓаат уште во првите две недели.

Цитостатиците и разни токсини и отрови го инхибираат брзиот раст и размножување на клетките вклучително и пролиферацијата на клетките од фоликулот на влакното. Како последица настанува арест на продукцијата на влакно. Цитостатиците делуваат толку брзо и се толку потентни што фоликулите на влакното немаат време да влезат во телогената фаза, како кај телоген ефлувиум, кој е вообичаен одговор на просечни надворешни негативни влијанија на циклусот на влакното.

Наместо тоа, кај анаген ефлувиум фоликулите влегуваат во фаза на суспендирана анимација, *смрзнати во време*. Влакната испаѓаат многу брзо и имаат дистрофичен изглед. Губењето на косата обично почнува 7-14 ден после само една доза хемотерапија. Опаѓањето на косата е клинички највпечатливо после 1-2 месеци. Со цитостатици, степенот на губење на коса варира од лице до лице. Некои лица имаат комбинација од телоген и анаген ефлувиум и лимитирано губење на косата. Анагениот ефлувиум е посериозен кај лица кои примаат комбинација од цитостатици отколку кај една доза. Сериозноста на опаѓањето зависи и од дозата.

Други медикаменти кои можат да предизвикаат анаген ефлувиум се бизмут, леводопа, циклоспорин. Изложеност на хемикалии како талиум, арсен можат да предизвикаат телоген ефлувиум.
Анаген ефлувиум исто така се јавува кај лица со алопециа ареата како резултат на инфламаторниот напад на матриксот на фоликулот на влакното.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ