Karboksiterapija Kose 101 Hair Clinic - Lečenje opadanja kose

Преглед на Третманот

Карбокситерапијата е целосно природен третман што може да се примени заедно со 101 локалната терапија против губење на косата. Оваа терапија делува директно на фоликулите чии промени се главната причина за опаѓање на косата. За време на третманот, јаглероден диксид се вбризгува во областите на главата каде што косата е ослабнета или проретчена. Целта е да се зголеми оксигенацијата и на тој начин прихранетоста со нутритиенти за ослабените фоликули на косата.

Карбокситерапијата користи сосема природен процес за нашето тело: употреба на кислород за отстранување на јаглерод диоксид. Во областите на инфузија, микроциркулацијата значително се подобрува бидејќи црвените крвни зрнца се принудени да ослободат кислород за да ги „фатат“ молекулите на CO2 и да ги исфрлат од телото. Овој подобрен проток на крв и кислородност на ткивата овозможуваат кожата да се регенерира и зајакнат фоликулите на косата. Во исто време, третманот има вазодилатативен ефект (т.е. зголемување на малите крвни садови), што овозможува прихранетоста на скалпот да се зголеми со есенцијални витамини и хранливи материи. На овој начин се обезбедува запирање на опаѓањето на косата, стабилизирање на проретчувањето и стимулација на повторен раст на изгубената коса. Во исто време, се подобрува структурата на хијалуронска киселина, природна состојка на кожата која е направена од фибробласти и придонесува за хидратација на ткивата и целосна апсорпција на факторите на раст. Третманот е целосно безболен.

Вообичаено се применува во комбинација со ласерска терапија (LLLT), микрониделинг мезотерапија или локална терапија со 101 формули. Најчесто, дванаесет сесии за третман се неопходни во зависност од природата и обемот на проблемот. Обично, потребни се 3 третмани за да се запре губењето на косата и опаѓањето да се стабилизира, додека после 6 третмани слабата коса се зајакнува и добива на квалитет. Во секој случај, ефикасноста на терапијата може да се види преку трихоскопски прегледи (преглед со трихоскоп кој нуди неколкукратно зголемување) што обезбедува најдобра проценка на резултатите кај секој пациент.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ