ПОСТПОРОДИЛНА АЛОПЕЦИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Додека доењето често се обвинува за губење на косата, сепак нема докази кои сугерираат дека доењето предизвикува или го зголемува опаѓањето на косата во постпарталниот период. За жал, ова е симптом што ќе го доживеат скоро сите мајки. Иако оваа состојба може да стане екстремна (наречена Postpartum alopecia), сепак, некое губење на косата е нормален и природен дел од породувањето. Повеќето мајки ќе го доживеат овој симптом околу третиот месец по раѓањето. Може да трае со недели или месеци, во зависност од тоа колку долго трае циклусот на косата. Честопати, мајките забораваат дека се наоѓаат во постпородилен период и не размислуваат дека ова е последица и е поврзано со породувањето.

Можеби сте забележале дека за време на бременоста вашата коса изгледа прекрасно – поцелосно и поживописно отколку во други периоди од животот. Една од причините е тоа што веројатно во текот на бременоста сте користеле пренатални витамини кои и помагаат на нашата коса да изгледа најдобро. Друга причина е што кога сте бремени, се продолжува фазата на мирување во која се наоѓа дел од косата и губите помалку коса. Ова се нарекува телогена фаза. Затоа, после породувањето, започнувате да ја губите целата коса што не сте ја изгубиле додека сте бремени. Губење на косата и нејзин повторен раст, веројатно, ќе бидат најочигледни во пределот над челото. До колку густината на косата во текот на бременоста била искучителна, тогаш во периодот после породувањето, како резултат на опаѓањето, густината може да се намали драматично.

Кај бремени жени, жени во пост породилен период и жени во менопауза, естрогенот е водечки хормон кој влијае на растот на косата.

За време на бременоста, вашето тело ја зголемува количината на естроген што го произведува, сигнализирајќи дека повеќе фоликули влегуваат од фазата на мирување во фазата на раст,  во циклусот на раст на косата. За тоа време, може да забележите поцврста и погуста коса. Може да забележите и дека вашата коса расте значително побрзо за време на бременоста отколку пред да забремените.

По раѓањето, нивото на естрогенот опаѓа (враќајќи се на нивото пред бременоста), предизвикувајќи фоликулите на косата да влезат во фазата на мирување. По околу 100 дена во фазата на мирување, косата почнува да опаѓа.

Покрај промените во естрогенот и прогестеронот во постпарталниот период, стресот и исхраната влијаат на нивото на хормоните, што исто така може да влијае на растот на косата. Тироидитис, предизвикан од воспаление на тироидната жлезда, доведува до нерамнотежа на хормонот на тироидната жлезда, што исто така може да влијае на растот на косата.

Ако сепак ви опаѓа поголема количина на влакна, консултирајте се со трихолог – експерт за губење на косата. Опаѓањето на косата може да биде знак и на други постпартални проблеми, како што е хипотироидизам. Ако сè уште губите коса околу првиот роденден на вашето бебе, задолжително јавете се на вашиот трихолог – специјалист за опаѓање на косата.. Обично губењето на косата не треба да трае толку долго во постпородилниот период

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ