СЕБОРЕИЧЕН ДЕРМАТИТ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Себореичен дерматит, по дефиниција, е папилосквамозно пореметување кое се јавува на кожата богата со лојни жлезди и себум, како скалпот, лицето и трупот. Освен себумот, овој дерматит се поврзува и со габичката Malasseziа, имунолошки абнормалности и активација на комплементот. Обично се влошува при зголемена влажност, сезонски промени, траума (како чешање) или емоционален стрес. Сериозноста варира од благ перут до ексфолијативен еритродерматит. Може да се влоши кај Пракинсонова болест и СИДА.

Себореичен дерматит е често кожно пореметување кое се јавува вообичаено на скалпот, предизвикувајќи упорен перут, чешање и црвенило на кожата со лушпи. Може да се јави и на лицето, градите, грбот и други зони на телото кои имаат повеќе лојни жлезди.

Преваленцијата на себореичниот дерматит е 3-5%, и се јавува кај целата светска популација. Перутот, најблагата форма на овој дерматит е веројатно најчеста и во моментот се проценува дека зафаќа 15-20% од популацијата.

Се јавува кај лица од било која раса, малку е полоша формата кај мажи отколку кај жени. Обично почнува во пубертет, максимална презентација има на 40 години, и е помалку сериозен но присутен кај постари лица. Кај новороденчиња се појавува како колевка капа или поретко како еритродерматит.

Malassezia габичките веројатно не се причина за појава на себореичен дерматит, но се кофактор врзан со Т-клеточна депресија, зголемени нивоа на себум и активација на комплемент системот. Лицата склони кон овој дерматит исто така имаат нарушување на хридролипидната заштитна бариера. Одредени лекови можат да го индуцираат себореичниот дерматит.

Себореичниот дерматит е асоциран со нормални нивоа на Malasseziа, но со абнормален имунолошки одговор. Хелпер Т -клетките, фитохемаглутининот и конкавалин стимулацијата, и антитела титарот се намалени споредено со контролните субјекти. Придонесот на Malasseziа габичките во себореичниот дерматит веројатно произлегува од нивната липазна активност-ослободувајќи воспалителни слободни масни киселини- и од нивната способност да го активираат алтернативниот комплементарен пат.

Манифестацијата на себореичниот дерматит на скалпот варира од благо перутање во полиња до распространети насекаде цврсти, адхерентни лушпи. Ретко се сретнуваат плакови лушпи. Од скалпот може да се шири на челото, на задниот дел од вратот, позади увото, како кај псоријаза. Кожните лезии се манифестираат со масни лушпи на црвена, воспалена кожа. Интермитентни, активни фази на себореичниот дерматит се јавуваат со чувство на печење, чешање и перутање, менувајќи се со мирни, неактивни фази. Активноста е зголемена во зима и рана пролет, а ремисиите обично се јавуваат во лето. Активните фази на себореичен дерматит може да се комплицираат со секундарна инфекција. Исто така, опаѓањето на косата може да биде зголемено или дури иницирано од себореичниот дерматит.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ