СТАРЕЧКА АЛОПЕЦИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Дали сте забалежале дека со текот на времето вашата коса полека се истенчува? Дали гледате зголемена ниво на оштетена коса? Може да страдате од старечка алопеција, состојба која ја скратува фазата на раст на косата и ги принудува фоликулите да поминат во фаза на мирување побрзо од вообичаеното. Старечката алопеција е природна состојба која доаѓа со возраста и резултира во опаѓање на косата. Ова постепено опаѓање на косата е предизвикано од скратената фаза на раст на косата, што доведува до повисока стапка на опаѓање на косата. Останатите влакна се задржуваат во фаза на хибернација (телегена фаза) и потоа брзо се опоравуваат. Старечката алопеција предизвикува косата не само да се истенчи, туку и да биде пократка заради оваа пократка фаза на раст.

Животниот циклус на влакното има три специфични фази: анагена, катагена и телогена.

Анагената фаза е фаза на раст; ова е кога влакно излегува од фоликулот и започнува нормалниот раст на косата. Во зависност од вашата генетика, оваа фаза може да трае помеѓу две и шест години.

Катагената фаза опфаќа краток период кој трае помеѓу 2-3 недели. Во овој период, фоликулите се подготвуваат ѕа фазата на одмор. Околу 3% од вашата коса се наоѓа секогаш во катагена фаза.

Телогената фаза е позната како „фаза на одмор“ бидејќи нема раст во овој период. Нормално е во телогената фаза да опаѓа околу 25-100 влакна секој ден, а оваа фаза може да трае повеќе од 100 дена за здрава коса. Старечката алопеција предизвикува нормалната коса многу брзо да ја достигне телогената фаза и потоа пребрзо да ја напушти телогената фаза (преку опаѓање).

Ако забележите промена во вашата коса со текот на времето, може да страдате токму од оваа форма на губење на косата. Консултирајте се со вашиот трихолог најпрво за да отфрлите какви било медицински и здравствени состојби кои може да бидат причина за губење на косата, со цел да се постави точна дијагноза.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ