ТЕЛОГЕН ЕФЛУВИУМ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Телоген ефлувиум е форма на нецикатрициелна алопеција која се карактеризира со дифузно опаѓање на косата обично после акутна активација. Освен акутна се препознава и хронична форма со подолго траење и посериозен тек. Телоген ефлувиум е реактивен процес предизвикан од метаболички или хормонален стрес или медикаменти. Генерално, регенерацијата на косата може да биде спонтана и да се обнови за шест месеци, но за жал не се одвива секогаш така.

Телогениот ефлувиум е прилично честа состојба но нема точни податоци за преваленцијата. Голем процент од возрасните имале епизода на телоген ефлувиум во некоја фаза од нивниот живот. Телоген ефлувиум може да афектира влакна на било кој дел од телото, но најчесто се јавува на скалпот. Телогениот ефлувиум може да индуцира или да биде основа за почеток на појава на андрогена алопеција, доколку имате генетска предиспозиција. До тогаш, алопецијата може и да не била препознатлива.

Разбирањето на патофизиологијата на телогениот ефлувиум бара познавање на циклусот на раст на влакното. Сите влакна имаат 3 фази на раст ,фаза на формирање-анагена, фаза на мирување-катагена, фаза на опаѓање-телогена. На скалпот анагената фаза трае околу 3-5 години, додека телогената трае 3 месеци иако има широка варијација на овие интервали кај различни индивидуи. Во тек на телогената фаза, постоечкото влакно останува во фоликулот се додека не е избуткано од растот на ново анагено влакно.

Кај повеќето лица, во било кој момент 5-15% од косата на скалпот е во телогена фаза. Телогениот ефлувиум се јавува кога физиолошки стрес или хормонална промена предизвикува огромен број на влакна истовремено да преминат во телогена фаза. Доказите сугерираат дека механизмот на опаѓање на телогената коса е активен процес кој може да се случи независно од растот на нова анагена коса. Интервалот меѓу иницирачкиот настан за телоген ефлувиум и почетокот на опаѓањето се совпаѓа со должината на телогената фаза, од 1 до 6 месеци, просечно 3 месеци.

Симптомите на телоген ефлувиум се опаѓање на косата, дифузно губење на косата на ниво на целиот скалп и зголемен број на опаднати влакна (ги наоѓате на под, на перница, после миење итн.) Иако нормалното опаѓање е околу 100 влакна/дневно, лицата со телоген ефлувиум губат 100-400 влакна дневно. Понекогаш се чувствува намалена густина на косата. Кај двете форми на ефлувиум косата се губи дифузно, од целиот скалп. Целосно ќелавење не се сретнува.

Акутен телоген ефлувиум е дефиниран како опаѓање на косата кое трае пократко од 6 месеци. Овој тип на ефлувиум обично се јавува ненадејно. Обично се јавил метаболички или физиолошки стрес 1-6 месеци пред да почне опаѓањето на косата. Физиолошки стрес кој може да индуцира телоген ефлувиум може да биде фебрилна состојба, големи повреди, промени во исхрана, бременост и пордување, почнување со нов медикамент. Имунизација исто така може да биде причина. Папулосквамозни болести на скалпот како псоријаза и себореичен дерматит можат да предизвикаат опаѓање на косата.

Хроничен телоген ефлувиум е интензивно опаѓање на косата кое трае подолго од 6 месеци. Почетокот е суптилен и постепен, иако опасен и тешко е да се идентификува тригер факторот. Поради траењето на опаѓањето, се јавува проретчување на косата и/или истенчување на косата со намалување на волуменот и безживотен изглед на косата.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ