SCALP ROLLER – 40 ПАТИ ПОДОБРА АПСОРПЦИЈА НА СИТЕ АКТИВНИ КОМПОНЕНТИ НА ПРЕПАРАТИТЕ ДИРЕКТНО ВО КОРЕНОТ НА ВЛАКНОТО

scalp rollerScalp Roller е најнова верзија на постоечката мезотерапија со микро игли базиран на неприкосновени патенти кој ги засилува и максимизира ефектите од аплицираните производи на кожа и скалп.

Станува збор за масажер со микро игли кои креираат илјадници тесни каналчиња во надворешниот кератинизиран слој на кожата овозможувајќи длабински продор на нутритиентите и активните состојки од аплицираните производи. Екстрактите од производите се апсорбирани во кожата дури 40 пати подобро со скалп ролер отколку без него.

Предности од користење на овој производ:

– со повторувачките движења со скалп ролерот кој има 192 иглички се формираат десетици илјади микро каналчиња

– преку формираните микроканалчиња аплицираните производи за стимулација на растот на косата може да пенетрираат директно во подлабоките слоеви на дермисот

– уникатниот систем на пенетрација обезбедува некомпромитиран продор на активните состојки до потребното место за нивно оптимално дејство

– дополнително, микро каналчињата кои се формираат во текот на третманот провоцираат длабинско создавање на колаген во текот на нивната репарација.