STRATEGY ЗА СЕДИТЕ ВЛАКНА КАЈ МАЖИ

strategyБојата на косата е одредена од пигментот, меланин кој го содржи влакното. Различна комбинација од двата типа меланин, еумеланин и феомеланин ни дава индивидуална варијација во бојата на косата. Меланинот го формираат клетките – меланоцити кои се дел од влакнениот фоликул.

Појавата на седи влакна е поврзана со прекинување на функцијата на клетките кои го создаваат пигментот. Со текот на годините се намалува и функцијата и бројот на овие клетки. Влакното добива сè помалку пигмент и затоа ја губи бојата.
Одговорни за тоа се годините и генетиката, но кај секој маж е индивидуално.

Strategy линијата на производи е специјално наменета за мажи. Со  производите можете на дискретен и природен начин да ги пигментирате седите влакна. Пигментот од производите ќе го замени вашиот природен пигмент и ќе ја врати бојата на вашата коса.