STRATEGY 4 STEPS ГЕЛ ЗА ПРИРОДНА РЕПИГМЕНТАЦИЈА НА КОСА

4step

Со Strategy 4 steps постепено и дискретно можете да ја вратите пигментацијата на косата од бела или сива преку светло кафеава до темно кафеава. Како што со губењето на пигментот косата побелува така Strategy 4 steps постепено го враќа пигментот на влакното, на сосем природен начин.
Кога ќе се аплицира Strategy 4 steps гелот, тој се апсорбира во влакното, се интегрира со протеините на влакното и го обновува пигментот. Количината на новодобиениот пигмент после едно нанесување е доволна само да му даде многу светло кафеава боја на влакното, но не и да даде драстична промена на бојата. Затоа репигментацијата со Strategy 4 steps е многу дискретна, без шокантна промена на бојата. Дури и една апликација е доволна за природна пигментација на косата, особено кај целосно бела коса. Со секоја наредна апликација на гелот количината на пигментот во влакното е поголема и бојата на косата е се поинтензивна, се до добивање на темно кафеава боја.
Друга значајна карактеристика на овој препарат е што не ја менува бојата на косата која не е побелена. Значи делува само на сивата или бела коса, а не на веќе пигментираната коса. Вашата природна боја на коса ќе биде задржана.
Особено значајно за Strategy 4 steps по што се разликува од разните хемиски производи за боење на косата е што не содржи хидроген, амонијак, ниту канцерогени материи. Косата после третманот е здрава, мека, сјајна и пигментирана. Пигментот не се испира, но за одржување на ефектот потребно е нанесување еднаш месечно.