Тестостерон е најважен андроген хормон. Андрогените се стероидни хормони чија примарна функција е да ѓи одржува машките карактеристики кај луѓето. Овој хормон е присутен во големи количини кај мажите и во многу помал износ кај жените. Кај мажите секрецијата на овој хормон е главно од тестисите, додека кај жените од јајниците.

Мажите имаат околу 8 пати повеќе тестостерон во однос на нивоата кај жените.
Тестостерон и DHT (дихидротестостерон) се одговорни за машките карактеристики.

Тестостеронот предизвикува зголемување на мускулната маса, намалување на гласот, производство на сперма, зголемување на пенисот и сексуалниот нагон. Овие се познати како анаболни ефекти.
DHT(дихидротестостерон) е одговорен за раст на влакна на брадата, и градите, акни, зголемување на простатата и опаѓање на косата. Овие се познати како андрогени ефекти.

Важно е да се истакне дека андрогеното губење на косата може да постои и кај жените, но е потешка кај мажите и пред се се должи на повисоки нивоа на андрогени. Машки тип на опаѓање на коса е најчестата форма на губење на косата и е познат по тоа што почнува да ги афектира мажите во нивните рани 20-ти години на почетокот преку зголемување на залистоците, зголемување на челната линија, ослабнување на косата и постепено губење на косата во предниот дел на главата.

Овој вид на губење на косата се должи на генетски предиспозиции наследени од страна на гени од мајката или таткото.

Кога тој ген е присутен во нашето тело, фоликулите на косата имаат силна чувствителност на андрогените, првенствено DHT. DHT опфаќа околу 5% од вкупното ниво на тестостерон во нашето тело. Тој е многу посилна форма од самиот тестостерон, кој е одговорен за машкиот тип на губење на косата и бенигна простатична хиперплазија (рак на простата).

Со цел да се сфати улогата на тестостеронот во губење на косата, потребно е да се разбере неговиот метаболизам. Тестостерон се метаболизира во 2 многу важни хормони: естрадиол и DHT.

Имплементацијата на естрадиол се одвива главно во масното ткиво и во тестисите. Имплементацијата на DHT се одвива во кожата и простатата. DHT има 3 пати повеќе афинитет за андрогените рецептори кои се присутни во фоликулите на косата. Ензимот кој ги конвертира тестостерон во DHT е наречен 5 алфа редуктаза и претставува последниот чекор во метаболизмот на тестостеронот.

Значи тестостеронот сам по себе не предизвикува опаѓање на косата кај мажите. Туку, откако под дејство на ензимот 5 алфа редуктаза ќе биде трансформиран во неговиот метаболит DHT (Дихидротестостерон), токму тој негов метаболит хормон е одговорен за губењето на косата кај мажите. Оттука тврдењето дека луѓето кои ја губат или изгубиле својата коса е затоа што во себе имаат поголеми количини на тестостерон од другите луѓе кои не ја изгубиле својата коса е само мит и чиста невистина.
Третманите за решавање на машкиот тип на опаѓање на коса се базираат на инхибиција на ензимот 5 алфа редуктаза.

Бидејќи е докажано дека хормонот DHT е одговорен за овој вид на губење на косата може да се третира губењето на косата со инхибиција (стопирање) на неговата трансформација од тестостерон во DHT.

Постојат неколку одобрени третмани за машкиот тип на опаѓање на косата кои научно се докажани дека се ефикасни во запирање на губење на косата и враќање на растот на косата. Еден од најефикасните препарати кој се користи во клиниките за проблеми со коса и скалп 101 Hair ширум светот повеќе од 38 години, во себе содржи активни растителни супстанци. Кои поради својата изразито силна активна компонента при нанесувањето на кожата на главата продираат длабоко до фоликулите на влакното. И го стопираат односно ихибираат ензимот 5 алфа редуктаза. На тој начин не му дозволуваат да го претвори тестостеронот во лошиот дихидротестостерон кој е одговорен за опаѓањето на косата.

Ефикасноста на овој препарат е забележлива уште во првите 3 недели од корстењето. Имено, во првите 3 недели комплетно го стопира губењето на косата. A, кај посериозните случаи кај кои опаѓаат и до 400 влакна дневно, е потребно 1,5 месец за да го регулира ваквото активно опаѓање. Овој препарат и неговата ефикасност бил предмет на десетици научни клинички студии. Спроведени од страна на универзитеттски професори, научници-дерматолози од најпознатите дерматолошки медицински центри ширум светот. Една од таквите клинички научни студии била направена во Австралија на 630 пациенти на возраст од 20-60 години. Заклучоците од студијата укажуваат дека кај 98.9% од пациентите било запрено губењето на косата уште во првиот месец