Мултифакторијалната природа на ќелавењето го прави проблемот се покомплексен, но и науката успева да фати чекор со предизвиците кои ги става пред неа новиот век. Согласно на современите достигнувања во науката се менува и технологијата и трендовите кон успешни и сеопфатни третмани за раст на косата. Исто така, денес ефикасноста на одреден третман, заради заштита на пациентите, се проценува по строги критериуми во специјализирани установи. Во 101 HAIR CLINIC клиниката за проблеми со коса, секој третман кој се применува во терапијата на губењето на косата е одобрен од Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и клинички докажан во неговата ефикасност. Сигурно не сте првите кои имаат потешкотии да направат правилен избор и да донесат одлука кој третман е најдобриот за вас. Затоа, 101 HAIR CLINIC направи обид да Ви стави на располагање третмани кои се пред се одобрени од страна на најреспектирани и најпрестижни регулаторни здравствени институции како Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и Агенција за контрола на медицински и здрвствени производи на Велика Британија (MHRA – Medicines and Healthcare products Regulatory Agency), третмани кои се научно и клинички потврдени и ефикасни, но и се во согласност со светските трендови во терапијата на коса.
Зависно од повеќе фактори, најмногу од степенот на прогрес на проретчувањето, типот на алопециа, состојбата на скалпот, општата здравствена состојба, но секако и од Вашиот животен стил и навики, постојат многу хируршки и нехируршки методи и опции кои можат да бидат адекватни за вас.