ТРЕТМАН ЗА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ НА СКАЛПОТ И КОСАТА

Преглед на Третманот

Третманот за ревитализација и против стареење на скалпот и косата е неопходен третман ако се земе во предвид дека од процесот на стареење не е поштеден ниту еден орган од нашето тело. Освен тоа, стареењето на скалпот и на фоликулот на влакното последователно е најинтензивно и најбрзо, дури 6 пати побрзо од кожата на лицето.

Современата апаратура овозможува стимулација на циркулацијата заради подобро снабдување на скалпот со кислород и нутритиенти. Најбитно е што современтите терапевтски методи и постапки обезбедуваат подобра синтеза на колаген во скалот кој најбрзо се губи во процесот на стареење. Скалпот е оксигениран, хидратиран, богат со колаген и последователно еластичен и ревитализиран. Фоликулот на влакното исто така е стимулиран на активност и има подобрена функција продуцирајќи здраво и цврсто влакно.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ