Преглед на Третманот

Мезотерапијата е безбедна, едноставна научно докажана метода за повторен раст на косата, а во некои случаи може и да ја елиминира потребата од трансплантација на коса.

Мезотерапијата е серија на речиси безболни микроинјектирања на витамини, минерали, и DHT блокатори во поткожното ткиво на скалпот (мезодерм) со цел ефикасно да помогнат во повторниот раст на косата кај машки тип на ќелавост, особено во почетните стадиуми и кај прераното губење на косата. Во овие состојби Мезотерапија претставува мошне ефикасен метод со кој се постигнува целосно враќање на изгубената коса и запирање на процесот на понатамошно губење на косата.

Microneedling е софистицирана техника која ја надмина употребата на класичната Мезотерапија, затоа што користи специјално дизајниран инструмент со микро иглички со дијаметар од 1-2 мм за скоро безболно, нехируршко, помалку непријатно но сигурно инјектирање на потребните активни компоненти под кожата на скалпот директно околу фоликулите на влакното, каде е најпотребно.

Третманот со Мезотерапија дополнително делува на зголемување на циркулацијата на крвта во скалпот и стимулирање на активноста на фоликулите на косата. MesoHair, преку микро-инјекции со дијаметар од 1 мм, обезбедува специјално патентираната формула со бакарни трипептиди, моментално една од најактивните компоненти, да продре под скалпот длабоко до фоликулите на косата. Активните трипептиди, одобрени од FDA (Американското биро за храна и лекови-најпрестижна здравствена регулаторна институција во светот) ја обновуваат функцијата на фоликулите за да повторно продуцираат здрави, цврсти и пигментирани влакна. Покрај активниот трипептид, формулата во себе содржи и екстракти од плацента и матични клетки, што го става овој третман меѓу најефикасните во борбата против губењето на косата.

Патентираната формула со трипептиди, аплицирана со помош на Мезотерапија, докажано го промовира растот на косата но исто така го забрзува растот. GPIGS пептидот делува преку активирање на PI-3K/Akt патот на дејство кој прима разни сигнали во клетката и има важна улога во растот на клетката. Преку тој пат на дејство пептидот ги активира и ја стимулира функцијата на кератиноцитите од булбусот, кои се одговорни за формирањето на влакното и раст на ново влакно.

Овој уникатен состав од активни состојки овозможува подобрување на метаболичкиот процес во скалпот и обезбедува супер храна за раст на косата, го зајакнува кератинското ткиво на влакното донесувајќи ги до коренот на влакното витамините и амино киселините есенцијални за растот на влакното. Со своите состојки Lactobacillus/Soybean Extract Ferment, Deca Peptide-II (sequence : GPIGS), Copper Tri-peptide и Vitamin B3, освен што го потхранува и негува фоликулот на влакното, го контролира опаѓањето на косата преку блокада на дејството на ДХТ (ДиХидроТестостерон) и ја поттикнува циркулацијата. Дополнет со ласерска биостимулација во 101 HAIR CLINIC, овој третман е најмоќниот третман за стимулација на растот на косата на денешницата, со неприкосновени ефекти.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ