ТРЕТМАН ПРОТИВ ПЕРУТ

Преглед на Третманот

Третманот за отстранување на перут комбинира повеќе методи и производи со цел да ја регулира хиперкератинизацијата на површинскиот слој на епидермисот. Докажано е дека агресивните шампони и медикаменти, дури и шампоните против перут може дополнително да го потенцираат перутот наместо да го отстранат.Природните органски производи овозможуваат нежен пилинг на скалпот отстранувајќи ги лушпите перут, но истовремено носејќи минерали и витамини и алфа хирдокси киселини за баланс на кожата на скалпот. На тој начин го чистат перутот без да предизивикаат иритација и дисбаланс на скалпот. Одредени органски компоненти делуваат емолиентно помагајќи во одржувањето на здрав хидролипиден слој на скалпот со нормалeн pH. Модерните терапевтски методи пак го хидрираат епидермисот на кој поради немањето крвни капилари секогаш му недостасуваат нутриенти и вода и на тој начин ја одржуваат и задржуваат влажноста на скалпот. Така ја враќаат и обезбедуваат водената компонента на хидролипидниот слој на епидермисот. Ја регулираат функцијата на лојните жлезди обезбедувајќи стабилизирање на секрецијата на масните материи. Масните материи во нормални количини се вклучуваат во составот на хидролипидниот слој, кој станува отпорен на надворешните неповолни влијанија.

Перутањето исчезнува на таков здрав скалп и се заменува со нормален циклус на десквамација. Скалпот е чист, без сквами перут, без чешање, косата е чиста, здрава и без бели лушпи перут.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ