Преглед на Третманот

Струјата со висока фреквенца или Виолетовата Светлина била првично развиена од познатиот научник Никола Тесла и може да се смета за еден од највпечатливите откритија на науката за струјата.

Пред многу декади, докторите ја користеле струјата со висока фреквенца за секој здравствен проблем. Уште во 1892 францускиот биофизичар D’Arsonval ги презентирал бенефитите од користење на струјата со висока фреквенца за третирање на заболувања на кожата и мукозните мембрани. Во 70-тите години на минатиот век, Европските салони за убавина ги откриле козметичките и регенеративни ефекти од електричната стимулација, а во 80-тите нашироко се користела веќе и во Северна Америка.

Денес, FDA (Американско биро за контрола на храна и лекови) ја одобрува употребата на високата фреквенца кај различни состојби на кожата и скалпот, како за намалување на борите, отстранување на акни, против побелување на косата, отстранување на перут и третмани на ќелавост. Струјата со висока фреквенца, може да се каже дека е дисперзија на електрична струја со огромен отпор и моќност, на милиони ситни и безопасни честици кои можат да се нанесат и на најнежните и деликатни делови од телото без никаква штета. Високата фреквенца е пријатен, ефективен начин за аплицирање на прекрасната моќ на струјата врз човечкото тело без болка или непријатност, а со неспоредлив ефект на стимулација на циркулацијата и враќање на здравјето, младоста и виталноста на кожата и скалпот како и намалување на болката и конгестијата.

Апликацијата на високата фреквенца денес е значајна компонента во многу третмани, процедури и програми за нега на кожата и косата во престижните професионални центри за убавина.

Оксигенативната, нежно осцилирачка и безбедна моќност на електричната струја со висока фреквенција се покажала дека ја стимулира циркулацијата на крвта, ја зголемува продукцијата на колаген и еластин, ги елиминира токсините и бактериите, ја поттикнува лимфната дренажа, прави ексфолијација на мртвите клетки и ја подобрува апсорпцијата на козметичките производи. Милиони ситни електрични честици се аплицираат на скалпот кои поради високиот степен на осцилација не предизвикува мускулни контракции туку работи на принцип на тонизирање на кожата, што го постигнува преку стимулација на површинската циркулацијата во дополнение на термичкиот ефект на загревање на ткивото. Тенките нерви и крвни капилари нежно ги масира, и крвта почнува подобро да циркулира и повеќе нутритиенти и кислород се донесуваат до корените на влакното. Дисперзираните честици носат чист озон кој има гермициден ефект и ги уништува микроорганизмите кои можат да бидат присутни, бактерии, габички дури и паразити. Ги чисти порите на влакното преку ексфолијативниот ефект, ја контролира себацеалната секреција и ја подобрува апсорпцијата на стимулативните производи за раст на косата. Кислородните молекули продуцирани од апаратот со високата фреквенца помагаат во брзо регенерирање на кожата и враќање на нејзиното здравје. Веќе со првиот третман, топло, стимулирачко и чувство на здравје се остава на скалпот, а со последователните третмани ефектите се засилуваат. Кожата на скалпот ја чувствувате енергизирана, освежена, и нежна и мека на допир. Фоликулите се ревитализирани и стимуларани на продукција на здраво влакно.

Протокол на лечење

Трихолошка Анализа

Прегледот на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп овозможува точна дијагноза, како резултат на примена на најновиот трихолошки софтвер, како и заради долгогодишното искуство на нашите специјалисти.

Индивидуален План за Терапија

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите специјалисти изработуваат индивидуализиран план за лекување кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и клинички третмани кои ги добиваат во нашата клиника.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите специјалисти го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ