АЛОПЕЦИЈА АРЕАТА 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е алопеција ареата?

Алопеција ареата е рекурентна нецикатрициелна форма на опаѓање на косата, што може да влијае на кој било влакнест дел на телото и може да се манифестира во различна шема на дистрибуција.

Иако состојбата е бенигна и повеќето пациенти се асимптоматски, таа може да предизвика емоционален и психосоцијален стрес.

Преваленцата кај населението е 0,1% -0,2%. Може да се појави на која било возраст, од раѓање до подоцнежна деценија од животот. Врвот на појавата е на возраст од 15-19 години. Дури 44% од луѓето со алопеција ареата имаат опаѓање на косата на возраст под 20 години.

Што предизвикува алопеција ареата?

Точната патофизиологија на алопеција ареата останува непозната. Најшироко прифатена хипотеза е дека ареатата е автоимуна состојба со посредство на Т-лимфоцити, а најверојатно ќе се појави кај генетски предиспонирани лица.

Автоимунитетот, генетиката, цитокините, инервацијата и циркулацијата се причините поврзани со алопеција ареата, а поврзаноста сè уште се испитува.

Голема студија покажа висока преваленца на автоимуни нарушувања и други коморбидни состојби кај лица со алопеција ареата. Резултатите покажуваат дека луѓето со ареата развиваат болести на тироидната жлезда, дијабетес, воспалителни состојби на дигестивниот систем, системски еритематозен лупус, ревматоиден артритис, псоријаза и псоријатичен артритис.

Други заболувања поврзани со примарната состојба се атопија (алергиски ринитис, астма и / или егзема), контактен дерматитис, проблеми со менталното здравје (депресија и анксиозност), хиперлипидемија, хипертензија, гастроезофагеален рефлукс.

Преципитирачки фактори кои придонесуваат за појава на ареата се сретнуваат кај 15% од пациентите. Големи животни настани, фебрилни состојби, лекови, бременост, траума и многу други настани се набројуваат , но никаков јасен заклучок не може да биде донесен. И покрај овие наоди, најголем број од лицата со ареата не укажуваат на тригер фактори кој се јавува пред епизодите на губење на косата.

Кои се симптомите на алопеција ареата?

Aлопеција ареата е најчесто асимптоматска, но некои пациенти (14%) доживуваат чувство на печење или чешање на афектираната зона. Состојбата е најчесто локализирана кога прв пат се појавува, и кај дури 80% од случаите се јавува само едно циркумскриптно поле на опадната коса.

Нема корелација меѓу бројот на полиња при правилното појавување и сериозноста и степенот на натамошното опаѓање. Ареата се јавува најчесто на скалпот, а потоа на брадата кај мажи, па веѓи. Карактеристична е појава на мазни, благо еритематозни (боја на праска) или нормално обоени алопетични полиња.

Присуство на влакна во форма на извичник е патогномоничен знак, но не се среќава секогаш. Најчестата презентација на алопеција ареата е појава на едно или повеќе кружни или овални зони без влакна. Никакви епидермални промени не се асоцирани со губењето на косата.

Видови на алопеција ареата?

Ареата може да се класифицира според шемата на дистрибуција.

  • Ретикуларна алопеција ареата – кога губењето на косата е поекстензивно и полињата конфлуираат,
  • Офијазис – губењето на косата е на страните и долниот заден дел на скалпот,
  • Сисајифо (обратна офијазис) – кога се зачувани страничниот и задниот дел од косата,
  • Алопеција тоталис – 100% губење на косата на скалпот,
  • Алопеција универзалис – комплетно губење на косата на сите космати делови на телото.

Методи за третирање на алопеција ареата

Нашиот центар има долгогодишно искуство во третирање на овој вид проблем со коса,
Она што е важно е дека препаратите и третманите што ги користиме се без никакви несакани ефекти врз вашето здравје.

Мезотерапија на коса, карбокситерапија, напреден PRP третман, радиофреквентен микрониделинг се многу ефикасни во третманот на алопеција ареата. Врз основа на трихолошката анализа, разгледување на сите факти и причини, други препарати може да се вклучат во третманот, одделно или во комбинација.

101 Формулата е специјално наменета за третман на различни фази на алопеција ареата, тоталис и универзалис. Комбинацијата од хербални екстракти ја стимулира циркулацијата на крвта носејќи ги потребните аминокиселини, витамини и минерали во фоликулите на влакната. Со цел да го нормализира нивниот циклус и да ги врати фоликулите во нивната активна фаза на раст.

За постигнување на добри резултати, правовремен третман и индивидуалниот план за третман се клучни.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи