МАСНА КОСА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Себореја е медицински термин кој дефинира екцесивна, зголемена продукција на себум. Дефиницијата има и една корекција. *Екцесивна* варира зависно од годините и полот на лицето. Имено продукцијата на себум е под влијание на полот, годините и хормоналната состојба. Себумот е масна супстанца која се лачи од лојните жлезди. Мастите на кожата на телото и секако на скалпот имаат заштитна улога оневозможувајќи губење на влажноста на кожата и спречувајќи го сушењето на кожата, донесуваат и антиоксиданси кои ја подмладуваат и негуваат кожата. Исто така заедно со водената компонента на кожата формираат хидролипидна бариера која има заштитна функција од потенцијалните микроорганзими. Иако е неопходен, продуциран во поголема количина предизвикува проблеми на кожата и косата (масна коса) .

Кожата може да е генетски предиспонирана да создава повеќе себум, односно кожата има повеќе лојни жлезди. Продукцијата на себум е доминантно контролирана од хормоните, а андрогените (машки) хормони имаат централна улога во развојoт на себорејата и кај мажи и кај жени. Кај мажи продукцијата на себум е најголема околу 20-тата година и потоа постепено се намалува. Но секогаш останува повисока отколку кај жените. Продукцијата на себум пак кај жените се намалува после менопауза. Но, хормонални дисбаланси исто така може да се одразат и на мастењето на косата, како полицистичен оваријален синдром.

Главниот симптом асоциран со себорејата е интензивно мастење на скалпот и косата. Масниот скалп и коса се непријатни на изглед и тешки за обликување. Мастењето бара почесто миење на косата што понекогаш води до влошување на мастењето, ако е неадекватен шампонот. Шампоните кои содржат силикони, парабени, сулфати дополнително имаат ефект на запушување на порите на влакното и го влошуваат мастењето затоа што го оневозможуваат нормалното исфрлување на маснотиите преку порите. Масната коса од друга страна е особено непријатна *приказна* за жените, иако е само последица на масен тип на кожа на скалпот. Масна, безживотна коса без сјај и еластичност, без волумен и свежина навистина знае да Ви го расипе доброто утринско расположение! И да ве натера да ја миете секое утро!

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic