женска андрогена алопеција

Преглед на Проблемот

Што е женска андрогена алопеција?

Женска андрогена алопеција (АГА) или женска наследна ќелавост е проблем на зголемено опаѓање на косата чии причини се поврзани со генетска основа. Сериозно се манифестира во староста, иако исто така е можен и ран почеток на проблемот. Како и кај мажите, женската андрогена алопеција се јавува поради зголемено лачење на машки полови хормони – андрогени. Сепак, улогата на андрогените во ќелавоста на женските модели не е целосно разјаснета.

Многу жени со андрогена алопеција немаат зголемено ниво на циркулаторни андрогени, иако се покажа дека имаат зголемено ниво на 5-алфа редуктаза, ензим кој го претвора тестостеронот во дихидротестостерон (ДХД) – хормон кој го регулира растот на косата кај двата пола. Исто така, докажано е дека кај жените кои имаат проблем со опаѓање на косата, има повеќе рецептори за андрогени и пониско ниво на цитохром P450 (кој го претвора тестостеронот во естроген).

Повеќето жени со андрогена алопеција имаат нормална менструација, нормална плодност и нормална ендокрина функција, вклучително и нормално ниво на андрогени. Затоа, лабораториските тестови мора да вклучуваат тироидни хормони, серумско железо и крвни тестови за да ги исклучат или да ги идентификуваат како фактори на опаѓање на косата.

Женската наследна ќелавост покажува прогресија во последните децении. Експертите ја припишуваат оваа појава на стрес, нездрава исхрана, употреба на одредени лекови, како и недокажани производи за нега на коса, вклучително и разни третмани кои можат да ја оштетат косата и да го забрзаат темпото на андрогена алопеција.

Типичен изглед на женска андрогена алопеција

Андрогената алопеција кај жените најчесто се јавува по менопаузата. Опфаќа 50% од женската популација постара од 65 години.

Во почетната фаза, таа се манифестира во форма на проретчена, слаба и тенка коса. Во подоцнежна фаза, разликуваме три различни клинички слики:

  • Дифузно ослабнување на круната со зачувување на фронталната линија. Има две скали кои ја опишуваат оваа шема: 3-стадиуми Ludwig скала и 5-стадиуми Sinclair скала
  • Ослабнување и проширување на централниот дел од скалпот со прекршување на фронталната линија: Olsen скала: шема на елка
  • Ослабнување со битемпорална рецесија: Hamilton–Norwood тип

Методи за третирање на андрогена алопеција кај жени

Ако ќелавоста е присутна во семејството на жената било по машка или женска линија на роднини, многу е веројатно дека таа ќе се соочи со овој проблем порано или подоцна. Затоа е многу важна превенцијата, односно правилната нега на коса. Ова значи не само употреба на квалитетна козметика и здрав начин на живот, туку и редовна посета на трихолог, употреба на пропишани производи и практикување на соодветни третмани. На овој начин, опаѓањето на косата може да се забави и да се зачува оптималната густина на косата се до староста.

Мезотерапијата, третманите со PRP и PRF, како и ласерската терапија се многу ефикасни во третирањето на женската андрогена алопеција. Врз основа на трихолошката анализа, разгледување на сите факти и причини, и други дополнителни методи можат да бидат вклучени во третманот, одделно или во комбинација, како што се третман на скалпот со чист кислород, карбокситерапија, пулсирачка магнетна нискофреквентна терапија. Жените исто така можат да бидат кандидати за трансплантација на коса. За постигнување на добри резултати, правовремен третман и индивидуалниот план за третман се клучни.

Без оглед на формата на алопеција за која станува збор, клучната работа во решавањето на проблемот со опаѓање на косата е навремено откривање на проблемот, дефинирање на текот и постапката на третман и пред се индивидуален пристап кон секој клиент. За да се постигнат најдобри резултати, трихолозите од нашиот центар несебично му се посветуваат на секој клиент со употреба на најсовремени средства и третмани.

Доколку сакате да го решите проблемот со опаѓање на косата, контактирајте не и закажете трихолошка анализа. Ние ќе бидеме среќни да одговориме на сите ваши прашања и детално да ја објасниме процедура и сите детали за третманот.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи