СЕБОРЕИЧЕН ДЕРМАТИТ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е себореичен дерматит?

Себореичен дерматит, по дефиниција, е папилосквамозно пореметување кое се јавува на кожата богата со лојни жлезди и себум, како скалпот, лицето и трупот.

Себореичен дерматит е често кожно пореметување кое се јавува вообичаено на скалпот, предизвикувајќи упорен перут, чешање и црвенило на кожата со лушпи. Може да се јави и на лицето, градите, грбот и други зони на телото кои имаат повеќе лојни жлезди.

Освен себумот, овој дерматит се поврзува и со габичката Malasseziа, имунолошки абнормалности и активација на комплементот.

Клиничка слика на себореичен дерматит

Обично се влошува при зголемена влажност, сезонски промени, траума (како чешање) или емоционален стрес. Сериозноста варира од благ перут до ексфолијативен еритродерматит. Може да се влоши кај Пракинсонова болест и СИДА.

Malassezia габичките веројатно не се причина за појава на себореичен дерматит, но се кофактор врзан со Т-клеточна депресија, зголемени нивоа на себум и активација на комплемент системот. Лицата склони кон овој дерматит исто така имаат нарушување на хридролипидната заштитна бариера. Одредени лекови можат да го индуцираат себореичниот дерматит.

Себореичниот дерматит е асоциран со нормални нивоа на Malasseziа, но со абнормален имунолошки одговор. Хелпер Т -клетките, фитохемаглутининот и конкавалин стимулацијата, и антитела титарот се намалени споредено со контролните субјекти. Придонесот на Malasseziа габичките во себореичниот дерматит веројатно произлегува од нивната липазна активност-ослободувајќи воспалителни слободни масни киселини- и од нивната способност да го активираат алтернативниот комплементарен пат.

Манифестацијата на себореичниот дерматит на скалпот варира од благо перутање во полиња до распространети насекаде цврсти, адхерентни лушпи. Ретко се сретнуваат плакови лушпи. Од скалпот може да се шири на челото, на задниот дел од вратот, позади увото, како кај псоријаза. Кожните лезии се манифестираат со масни лушпи на црвена, воспалена кожа. Интермитентни, активни фази на себореичниот дерматит се јавуваат со чувство на печење, чешање и перутање, менувајќи се со мирни, неактивни фази. Активноста е зголемена во зима и рана пролет, а ремисиите обично се јавуваат во лето. Активните фази на себореичен дерматит може да се комплицираат со секундарна инфекција. Исто така, опаѓањето на косата може да биде зголемено или дури иницирано од себореичниот дерматит.

Кај кого се јавува себореичен дерматит?

Распространетоста на себореичниот дерматит е 3-5%, и се јавува кај целата светска популација. Перутот, најблагата форма на овој дерматит е веројатно најчеста и во моментот се проценува дека зафаќа 15-20% од популацијата.

Се јавува кај лица од било која раса, малку е полоша формата кај мажи отколку кај жени. Обично почнува во пубертет, максимална презентација има на 40 години, и е помалку сериозен но присутен кај постари лица. Кај новороденчиња се појавува како колевка капа или поретко како еритродерматит.

Методи за третирање на себореичен дерматитис

Препорачливо е рано да се започне со третман на себореичен дерматитис на главата.
Неопходно е да се прилагодат дневните навики (со цел да се намали чешањето и механичкото отстранување на скалпите, особено на главата).

Почесто миење на косата и подолго миење со шампон може да помогне во отстранување на првутот. Треба да престанете да користите креми, гелови или лакови за коса. Шампоните кои содржат салицилна киселина, сулфур или цинк се ефикасни и можат да се користат наизменично.

Шампоните што содржат селен сулфид, кетоконазол или циклопирокс можат да го намалат нивото на габите Маласезија. Овие шампони може да се користат и на телото и на брадата. Но, овие шампони не треба да се користат за секојдневно миење на косата, бидејќи тие обично им се потребни на лица со себореичен дерматитис.

Треба да се користат благи шампони од билки. Наместо креми со кортикостероиди, формулата 101Е е идеално решение за смирување на иритираната кожа, без негативни ефекти. Тоник 101B, пак, овозможува регулирање на маснотијата, ги чисти порите од насобраната маснотија и го нормализира циклусот на раст на косата.

ЛЕД фототерапија со сино светло има антибактериско дејство, ги убива бактериите кои создаваат акни, го регулира маслото и делува на чистење на кожата. Овие придобивки од ЛЕД-терапијата се користат на кожата на капиларите која е воспалена, иритирана и заразена, особено кај фоликулитис и себореичен дерматитис.

ЛЕД фототерапија, поради бројот на позитивни ефекти, може да се примени во различни услови и во комбинација со различни уреди за третирање на разни проблеми со капиларите и косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи