ТРЕТМАН ЗА МАСНА КОСА

Преглед на Третманот

Професионален третман за масна коса е единствениот начин за ревитализација на косата и скалпот што се прекумерно масти. Ефектите се долгорочни, особено со употреба на професионални шампони, лосиони и регенератори од нашата понуда. Овој третман ја регулира работата на лојните жлезди на оптимално ниво, лачењето на себум е намалено и скалпот станува чист и здрав.

Во нашата клиника, третманот за масна коса се состои од три чекори:

1. Консултации со трихолог

За ефективноста на третманот, пред сè, потребно е да се утврдат причините поради кои косата е претерано масна. Во нашата клиника ви стојат на располагање врвни, светски познати трихолози, дерматолози и експерти кои ќе посветат целосно внимание на вас. Причините за појава на масна коса можат да бидат различни. Како што се хормонски дисбаланс, себореичен дерматитис, псоријаза, акни, генетски фактори, одредени медицински состојби, употреба на несоодветни шампони и балсами, неправилна исхрана и други.

Откако трихологот ќе направи дермоскопија на косата и скалпот, ќе изврши детална анамнеза и ќе ги утврди причините кои доведуваат до мастење на косата, тој ќе препорача соодветен третман, како и препарати за одржување на постигнатите резултати. Прегледот се изведува со користење на најсовремен трихолошки софтвер кој овозможува точна дијагноза.

2. Спроведување на соодветен третман

Третманот за регулација на себореја има за цел да ја регулира функцијата на лојните жлезди, да го намали создавањето на себум и да ја одржува кожата на скалпот чиста и здрава. Здравиот скалп е иделана средина за нормален развој на влакното. Третман-от за масна коса обезбедува длабоко чистење на скалпот и фоликулите. Порите се отвораат и насобраниот себум, токсините и другите нечистотии длабински се отстрануваат. Се стимулира циркулацијата во кожата на скалпот, се поттикнува лимфната дренажа со што и на ниво на дермисот се детоксифицира и чисти скалпот. Непријатниот мирис од себумот кој се рзградува исчезнува.

После длабинското чистење, скалпот се третира со сите потребни витамини, минерали и хранливи материи кои обезбедуваат раст на здрава коса и чист скалп. Исто така, фоликулот на косата е збогатен со кислород со цел да се создаде квалитетно влакно, што дава еластична и сјајна коса која расте побрзо.

3. Нега и одржување

После третманот, трихологот ќе препорача употреба на специјални препарати за одржување на постигнатите резултати и најдолг можен ефект. Производите за масна коса во нашите клиники се целосно природни препарати со највисок квалитет, чија ефикасност е препознаена од најеминентните дерматолошки институции.

Станува збор за органски растителни екстракти кои обезбедуваат создавање на здрав хидролипиден слој кој ја храни и штити косата и креира здрав епидермис. Исто така, ќе добиете посебни препораки за тоа како да ја стилизирате фризурата на начин што не им штети на косата и скалпот, како и препораки за диета доколку е потребно.

Јавете ни се и закажете третман. Знаеме дека масната коса е голем проблем за вас и подготвени сме да го решиме проблемот што е можно побрзо и да ја направиме вашата коса здрава и убава.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи