Што е псеудопелада брок?
Во 1888 Brocq го употребил терминот „псеудопелада брок“ за да опише уникатнна форма на цикатрициелна алопециа која личи на алопециа ареата. Последниот век, оваа состојба е контроверзна. Додека некои веруваат дека псеудопеладата е посебен ентитет, најголем дел веруваат дека таа е крајна фаза или клиничка варијација на разни форми на цикатрициелна алопециа.
Истиот терк на алопециа може да се јави во последната фаза на дискоиден лупус еритематодус (ДЛЕ), лихен планопиларис (ЛЛП) и други форми на цикатрициелна алопеција.
Затоа, причината за псеудопеладата е поврзана со етиологијата на соодветното кожно заболување. Ако се постави дефинитивна дијагноза за ДЛЕ, ЛПП или друга состојба базирано на клинички, хистолошки и имунофлуоресцентни испитувања тогаш терминот псеудопелада Brocq не може да се употреби.
Симптоми на псеудопелада брок
Се јавува кај средовечни лица. Клинички лезиите се дискретни, распоредени без некоја шема, неправилно обликувани и често поврзани во зони на скалпот.
Асимптоматични се иако некои пациенти чувствуваат чешање и осетливост на афектираниот скалп. Индивидуалната лезија е хипопигментирана и малку подминирана. *Стапалки во снег* се однесува на клиничкиот изглед на лезиите кои се атрофични.
Состојбата може да се влоши во бранови со периоди на активност, следени со период на мирување.
Методи за третирање на псеудопелада брок
Успех во третманот на псеудопелада брок е нејзиното навремено откривање. Ако се детектира во почетните фази, тогаш со помош на формулата 101 Б, нејзиното ширење може да биде ограничено.
Ако псеудопеладата е во доцна фаза, за жал, нема ефикасен одобрен третман за овој вид алопеција. Евентуално може да се земе во предвид трансплантација на коса во зависност од обемот на зафатеноста на скалпот и можностите на донорската регија.