Преглед на Третманот

Што е ласерска терапија за коса?

Ласерска терапија за коса е најнапредниот, најефикасниот и најперспективниот нехируршки третман против опаѓање на косата, наменет за мажи и жени.

Како работи ласерската терапија за раст на косата?

Ласерската светлина се апсорбира од митохондриите во клетките, го зголемува клеточното дишење и предизвикува активирање на факторите на транскрипција. На овој начин, ласерската енергија обезбедува раст и репликација на клетките од коренот на влакната и го одржува растот на влакната, спротивставувајќи се на ефектот предизвикан од DHT (дихидротестостерон).

Ласерската терапија работи на клетките на фоликулите на косата! Кога користите „ладни ласери“ со точно определен интензитет препорачан од ФДА, ласерската светлина продира до нивото на главните крвни садови на коренот на косата, што не е повеќе од 6 мм. Целта е да се нормализира циклусот на раст на косата! Ласерската терапија го стимулира клеточниот метаболизам, апсорпцијата на хранливите материи и ослободувањето на токсините преку дејството на клеточните митохондрии. Митохондриите се „енергетски фабрики“ на клетките, а ласерската светлина пренесува енергија директно до нив.

Кои се најдобри кандидати за ласерска терапија за раст на косата?

Ласерската терапија за раст на косата е наменета за мажи и жени со проретчена коса или ќелавост предизвикана од генетски фактори како и телоген ефлувиум.

Tрихолозите користат систем познат како класификација Норвуд-Хамилтон (мажи) и скала Лудвиг-Савин (жени) за да го опишат степенот на опаѓање на косата. Ласерската терапија со ниско ниво е наменета за промовирање на раст на косата кај мажи кои имаат Норвуд Хамилтон класа IIа до V и кај жени кои имаат модели на Лудвиг (Савин) I-4, II-1, II-2 или фронтално опаѓање на косата.

Истражувањата покажаа дека ласерската терапија за коса го стимулира растот на косата и кај мажите и кај жените кои имаат алопеција предизвикана од хемотерапија, како и алопеција ареата.

Колку време е потребно за да се примени методот?

Обично се препорачува еден третман неделно и се состои од 15 до 20 минути изложеност на скалпот на Ласерски диоди под капакот на главата.

Нашето искуство покажува дека обично се потребни од 8 до 10 третмани.
По завршувањето на третманот, може да се предложи да се одржат резултатите со примена на третманот неколку пати годишно.

Кои се придобивките од ласерската терапија за раст на косата во 101 Hair Clinic?

  • Терапија со ласер за раст на косата може да се користи и кај мажи и кај жени
  • Сосема безбеден третман
  • Нехируршка и безболна процедура
  • Промовира раст на косата и преживување на фоликулите после трансплантација на коса
  • Може да се комбинира со други третмани против опаѓање на косата
  • Се работи за неопходен третман за повторно растење на косата кај телоген ефлувиум
  • Влијае на подобрување на циркулацијата на крвта во капиларите и со тоа на подобрувањето на квалитетот на косата

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи