ТРИХОТИЛОМАНИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е трихотиломанија?

Трихотиломанија е пореметување на импулсивната контрола по сегашната класификација, но сеуште има прашања околу тоа како би требало да се класифицира. Очигледно наликува на навика, зависност, тик или обсесивно –компулсивно пореметување. Во поскоро време се концептуализира како дел од пореметувањата на повторувачко однесување спрема сопственото тело “body-focused repetitive behaviors” (BFRBs) заедно со чепкањето на кожата и грицкањето на ноктите.

Трихотиломанијата е пореметување кое предизвикува лицето да си ги кубе влакната од скалпот, од брадата, градите, нозете, од веѓите,трепавиците и други делови на телото, што резултира со видливи голи полиња.

Кубењето на косата варира значајно во својата сериозност и тежина, локација на телото и одговор на третман. Кај некои лица, трихотиломанијата е изразена во блага форма и може да се прекине со малку повеќе концентрација и свесност на проблемот.

Но, кај некои потребата за кубење на косата може да биде толку силна што лицето не може да мисли на ништо друго освен на тоа.

Што предизвикува трихотиломанија?

Причината за трихотиломанија не е позната. Испитувањата за причините и третманите за ТТМ се сеуште во рана фаза. Прелиминарните докази индицираат дека е неуро-биолошко пореметување и дека генетиката може да игра улога во развојот на ТТМ.

Исто така е возможно да има и неколку фактори, исто како што кашлицата може да биде предизвикана од различни болести. Иако основната биологија не е јасно разбрана во овој момент. Знаеме дека лицата со трихотиломанија генерално имаат невролошко базирана предиспозиција да ја кубат својата коса како механизам на самоутешување.

Механизмот на кубење служи и како механизам на копирање при нервоза или други тешки емоции. Иако вообичаената возраст на појавување е 11 години, трихотиломанијата може да се јави и кај деца од 1 година. Почетокот на кубењето може да се јави како последица на едноставен сензорен настан, како чешање на скалпот или од стресни животни ситуации и се јавува прилично ненадејно.

Се забележуваат зони на скалпот или целосна алопециа на скалпот.Зоните имаат бизарни форми, неправилни ивици и влакна со различна должина.

Третирање на трихотиломанија

Трикотиломанија е психијатриска состојба која се карактеризира со присилно влечење или чупање на косата. Оваа состојба е опфатена во ДСМ-5 под опсесивно компулсивно нарушување и слични психијатриски нарушувања.

Стандардната терапија за третман на трикотиломанија не секогаш покажува задоволителни резултати. А тука спаѓа и когнитивно-бихевиоралната терапија, како и лековите од групата на психостабилизатори. Новите студии покажуваат дека ниско фрекфентната транскранијална магнетна стимулација – rTMS насочена кон моторниот регион на кортексот за три недели може целосно да го искорени компулсивното однесување кај тикотиломанија.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи