Во современото секојдневие, постојано слушате и гледате реклами за илјадници производи, лосиони, серуми и шампони кои ви гарантираат дека ќе го решите вашиот проблем со опаѓање на косата. И на крај, не само што нема воопшто да ви помогнат во решавање на вашиот проблем, туку и состојбата на вашата коса и скалп би можела да биде полоша од претходно. Како тогаш да знаете да репознаете кој е вистински ефикасен препарат кој би можел да ви помогне во решавање на проблемот со опаѓање на косата?

101 Hair Clinic работи единствено со производи за кои постои научна докажаност за нивната ефикасност. Што значи тоа научна докажана ефикасност? Тоа би значело дека независна референтна институција или универзитетски центри врз основа на клинички експерименти на поголеми контролни групи применуваат производ или метода во подолг временски период, најчесто од 6 месеци до 1 година. Секојдневно ги следат резултатите од нивната клиничка студија, ги регистрираат, фотографираат со специјални трихоскопски инструменти, за да на крајот од студијата дојдат до заклучок дали тој производ воопшто имал било каков ефект врз стопирање на опаѓањето на косата и промовирање на нов раст на коса, и доколку имало позитивен ефект, тогаш во кој апсолутен износ изразен во проценти изнесувал таквиот ефект. Овие резултати заедно со методологијата на истражување ги објавуваат во рецензирани високоценети меѓународни журнали со импакт фактор, како потврда за успехот или неуспехот во примената, ефикасноста и резултатите од користењето на конкретниот препарат, производ или технологија.

ПРОИЗВОДИ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСА

101B 101 Hair Clinic Proizvod

101B

101B формулата е наменета да го стопира опаѓањето на косата во почетните стадиуми на губење на косата. Не само што го регулира интензивното опаѓање на косата, туку и ја спречува конверзијата на тестостеронот во дихидротестостерон (ДХТ), кој е главниот причинител за развојот на машкиот тип на ќелавост. 101B во себе содржи природни активни ДХТ блокатори, го блокира поврзувањето на ДХТ за рецепторите на клетките од коренот на влакното, со што директно оневозможува да се активира генетската порака за губење на косата. Исто така ја редуцира и секрецијата од лојните жлезди, целосно ги чисти порите на влакното до самиот фоликул, што значително помага во создавањето на идеални услови за развој на здраво влакно.

101 hair Clinic OIL CONTROL NOURISHING SHAMPOO

OIL CONTROL NOURISHING SHAMPOO

Ексклузивната нежна формула на овој шампон базирана на билни екстракти е наменета за користење кај секој тип на коса. Специјалната комбинација на активни хербални супстанци за чистење и неутралниот pH 5.5 обезбедува нежно длабинско чистење и регулирање на мастењето на скалпот. Високо квалитетните растителни екстракти и даваат на косата природен и здрав изглед, сјај и лесно обликување.

101 Hair Clinic HAIR SHADDING PROOF SHAMPOO

HAIR SHADDING PROOF SHAMPOO

Наменет е да се користи кај секоја форма на опаѓање на косата, а неговата блага хербална формула го прави адекватен за користење и кај сите состојби на скалпот, сувост, мастење, чешање и перут. Жен шенот во неговиот состав и специјалната комбинација од активни супстанци за чистење со pH 5.5 обезбедуваат нежно длабинско чистење. Значењето на жен шенот е и во неговото дејство на регулација на проблемите на скалпот, а заедно со другите 6 активни хербални супстанци ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува влакното.

101 Hair Clinic 101E

101E

101 Е претставува едноставно решение, исклучително е моќен и ефективен , се користи само локално а покажува драматични резултати за само една недела. Оваа формула е спој на 10 терапевтски природни билки и растенија. Внимателно калибрираните количини на секоја состојка го прават неприкосновено ефикасен во борбата со акни (фоликулит), себореичен дерматит, розацеа. 101 Е го регулира лачењето на лојните жлезди, ги чисти порите, ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува воспалението и го олеснува чешањето. Има силно антибактериско и анти инфламаторно дејство.

101 Hair Clinic 101 Formula

101 FORMULA

101 формулата е специјална комбинација од растителни екстракти која е наменета за третман на различни стадиуми на алопеција ареата, тоталис или универзалис. Предност е што нема ограничување и може да се користи и на веѓи и брада. Ја поттикнува циркулацијата на крвта на ниво на фоликулите на влакното со што го подобрува и снабдувањето со потребни нутритиенти, витамини, минерали и аминокиселини. Последователно доаѓа до ревитализација на *заспаните* фоликули и промовирање на растот на косата. Ги нормализира и функциите на скалпот, регулирајќи го мастењето и перутот. Ако постои интензивно опаѓање на косата се препорачува првично 101B формула за стопирање на опаѓањето пред да се почне со 101 формулата. Поради мултифакторијалната и имунолошки зависната природа на ова форма на опаѓање на коса понекогаш е потребна комплементарна терапија од соодветен специјалист.

101-HAIR-REGAIN

101 HAIR REGAIN

101 Hair Regain формулата е незаменлива во крајните фази од терапијата. Го надополнува дејството на 101G и 101 Hair Nourishing формулите со што обезбедува подобри резултати во крајните фази од терапијата. Особено значење има за зајакнување, задебелување на влакното, правејќи ја новопорасната коса здрава, цврста и сјајна. Може самостојно да се користи кај слаба, безживотна коса.

101 Hair Clinic 101 HAIR FOLICULE NOURISHING

101 HAIR FOLICULE NOURISHING

Ако опаѓањето на косата траело подолго време и веќе постои очигледно проретчување на косата тогаш оваа формула дава најдобри резултати. Во напреднатите стадиуми на опаѓање на косата фоликулите на влакното имаат значително намалена и неправилна функција, а формирањето на влакно е сериозно компромитирано. 101 Hair Follicle Nourishing ја подобрува физиолошката функција на фоликулите и длабински ги потхранува. Ја регулира и функцијата на лојните жлезди. Се препорачува и кај мажи и кај жени.

101 Hair Clinic 101G

101G

Спречување на опаѓањето на косата и стимулација на растот на косата се два различни и независни феномени. Додека 101B формулата се применува за превенција на опаѓањето на косата, 101F и 101G тоникот се наменети за повторен раст на косата. Кај масна кожа на главата 101G тоникот е иделен за поттикнување на растот на косата. 101G тоникот го промовира растот на нова коса, ја регулира функцијата на лојните жлезди и овозможува подобра ресорпција на нутритиенти за влакното. На тој начин обезбедува раст на здрава коса, на здрав скалп.

101 Hair Clinic 101F

101F

Спречување на опаѓањето на косата и стимулација на растот на косата се два различни и независни феномени. Додека 101B формулата се применува за превенција на опаѓањето на косата, 101F и 101G тоникот се наменети за повторен раст на косата. Кај нормална до сува кожа на главата 101F тоникот е иделен за поттикнување на растот на косата. Ги реактивира ослабените фоликули за да повторно продуцираат здраво и цврсто влакно, произведуваат здрава и цврста коса.

101D

101D

101 D формулата е незаменлива во крајните фази од терапијата. Го надополнува дејството на 101G и 101 Hair Nourishing формулите со што обезбедува подобри резултати во крајните фази од терапијата. Особено значење има за зајакнување, задебелување на влакното, правејќи ја новопорасната коса здрава, цврста и сјајна. Може самостојно да се користи кај слаба, безживотна коса.

101 Hair Clinic 101 SCALP RELIEFING TONIC-min

101 SCALP RELIEFING TONIC (FOR MEN)

Овој производ може да продре директно до длабоките слоеви на фоликулите на косата, да ги натера фоликулите на косата во потполност да ги апсорбираат нутритиентите, да ја регулира хиперсекрецијата на лојните жлезди, да ја подобри липидната емболија во фоликулите на косата, да ја зголеми циркулацијата на крв во фоликулите и да овозможи раст на нова коса. Како резултат на се ова, опаѓањето на косата може брзо да биде ставено под контрола, да се обезбедат потребните нутритиенти за косата, а се со цел нов раст на здрави влакна.

101 Hair Clinic 101 SCALP RELIEFING TONIC women-min

101 SCALP RELIEFING TONIC (FOR WOMEN)

Овој производ може да продре директно до длабоките слоеви на фоликулите на косата, да ги натера фоликулите на косата во потполност да ги апсорбираат нутритиентите, да ја регулира хиперсекрецијата на лојните жлезди, да ја подобри липидната емболија во фоликулите на косата, да ја зголеми циркулацијата на крв во фоликулите и да овозможи раст на нова коса. Како резултат на се ова, опаѓањето на косата може брзо да биде ставено под контрола, да се обезбедат потребните нутритиенти за косата, а се со цел нов раст на здрави влакна.

ПРОИЗВОДИ ПРОТИВ ПОБЕЛЕНА КОСА

101 Hair Clinic Strategy 4 Steps

STRATEGY 4 STEPS ГЕЛ ЗА ПРИРОДНА РЕПИГМЕНТАЦИЈА НА КОСА

Со Strategy 4 steps постепено и дискретно можете да ја вратите пигментацијата на косата од бела или сива преку светло кафеава до темно кафеава. Како што со губењето на пигментот косата побелува така Strategy 4 steps постепено го враќа пигментот на влакното, на сосем природен начин.

Кога ќе се аплицира Strategy 4 steps гелот, тој се апсорбира во влакното, се интегрира со протеините на влакното и го обновува пигментот. Количината на новодобиениот пигмент после едно нанесување е доволна само да му даде многу светло кафеава боја на влакното, но не и да даде драстична промена на бојата. Затоа репигментацијата со Strategy 4 steps е многу дискретна, без шокантна промена на бојата. Дури и една апликација е доволна за природна пигментација на косата, особено кај целосно бела коса. Со секоја наредна апликација на гелот количината на пигментот во влакното е поголема и бојата на косата е се поинтензивна, се до добивање на темно кафеава боја.

Друга значајна карактеристика на овој препарат е што не ја менува бојата на косата која не е побелена. Значи делува само на сивата или бела коса, а не на веќе пигментираната коса. Вашата природна боја на коса ќе биде задржана.

Особено значајно за Strategy 4 steps по што се разликува од разните хемиски производи за боење на косата е што не содржи хидроген, амонијак, ниту канцерогени материи. Косата после третманот е здрава, мека, сјајна и пигментирана. Пигментот не се испира, но за одржување на ефектот потребно е нанесување еднаш месечно.

101 Hair Clinic INTENSIVE PIGMENT SHAMPOO

INTESIVE PIGMENT SHAMPOO ИНТЕНЗИВЕН ГЕЛ ЗА РЕПИГМЕНТАЦИЈА НА КОСА

Побелувањето на косата почнува релативно рано, во средните 20-ти години кај мажите, а доцните 20-ти кај жените. Побелената коса воопшто не помага во одржување на добриот изглед.

Кај жените фарбите за коса им обезбедуваат не само прикривање на седата коса туку и можност да експериментираат со огромна палета од бои. Меѓутоа, фарбите за коса кај мажи даваат апсолутно неприроден и неадекватен изглед на косата.

Со Strategy шампонот во првите фази од побелувањето на косата се постигнуваат фантастични резултати. Со само едно миење седите влакна ја враќаат својата природна боја, и ја задржуваат до 6 недели. Особено значајно е што нема да се промени бојата на нормалните, пигментирани влакна и природниот изглед на вашата коса нема да биде компромитиран. Негата на косата после тоа е нормална, со нормален шампон и резултатите се стабилни независно од фреквенцијата на миење на косата. После 6 недели повторно го користите Strategy шампонот.

101 Hair Clinic BEARD AND MOUSTACHE GEL

BEARD & MOUSTACHE GEL ГЕЛ ЗА РЕПИГМЕНТАЦИЈА НА БРАДА

Strategy гелот ги елиминира сивите влакна на брадата и мустаќите за само 5 минути, ги репигментира во боја идентична на вашата. Овој гел е развиен специјално за апликација на сивите влакна на лице кои се поотпорни од сивите влакна на косата. Ексклузивната формула со алое вера и екстракти ја штити кожата и ги прави мустаќите и брадата меки. Не ја оштетува кожата затоа што не содржи амонијак и други штетни хемикалии.

Конзистенцијата во вид на гел овозможува лесна апликација, а со четкичката во состав на пакувањето нанесувањето дополнително се олеснува. После апликацијата се остава да делува 5 минути, а кај упорните влакна во следна апликација може да се остави максимално 15 минути. Бојата се избира согласно на вашата природна боја на брадата. Репигментираните влакна не ја менуваат или губат бојата со текот на времето. Повторно се аплицира гелот кога ќе почне да расте влакното

ПРОИЗВОДИ ПРОТИВ ВОШЛИВОСТ КАЈ ДЕЦА

output-onlinepngtools (1)-min

ШАМПОН ПРОТИВ ГНИДИ

Отстранувањето на гниди не било никогаш полесно отколку со примена на Lice Guard шампонот. Станува збор за 100% безбеден и ефикасен производ без било какви штетни хемикалии, отрови и пестициди. Она што треба да го направите е да ја измиете вашата коса со шампонот, а потоа да ја исчешлате со Egg & Lice Comb чешелот за да ги отстраните инстантно сите гниди кои биле во вашата коса. Нашиот специјален шампон докажано дејствува на целосно уништување на гнидите во косата и нивно лесно 100%-но отстранување со помош на Egg & Lice Comb.

Единствен производ на пазарот кој во себе не содржи отрови и пестициди и кој е медицински докажан дека воопшто не ја оштетува косата и скалпот како што тоа го прават остнатите производи богати со хемикалии и пестициди.

Untitled-1-min

ЕЛЕКТРИЧЕН ЧЕШЕЛ ПРОТИВ ВОШКИ ROBI COMB

Луѓето се се попретпазливи при користењето на гелови со опасни хемиски супстанци и отровни шампони при третирањто на проблемот со вошки. Се повеќе и повеќе родители се одлучуваат за 100% безбедниот и ефикасен начин на отстранување на вошките без примена на било какви отровни и токсични шампони и гелови.
Robi Comb чешелот ги детектира и уништува вошките при самиот контакт со нив преку едноставно расчешлување низ косата. Кога електронскиот Robi Comb доаѓа во контакт со вошките, веднаш ослободува електричен импулс со ниска фрефенција при што инстантно ги уништува и отстранува вошките.

Најновите истражувања кои ги објави Американската Национална Педијатриска Асоцијација (NPA) покажуваат дека додека вошките стануваат се повеќе отпорни и имуни на пестициди и други хемикалии, тие во ниту еден случај неможат да станат отпорни на Robi Comb третманот.

output-onlinepngtools-min

СПРЕЈ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОШКИ LICE REPELLENT

Со овој производ можете да превенирате појава на вошки на сосема безбеден и ефикасен начин без хемикалии, токсини и без пестициди. Една апликација дневно од овој спреј ќе ви овозможи 24 часовна заштита. Овој производ е базиран 100% на природни состојки и на најефикасен можен начин се справува со појавата на вошки.

LiceGuard Lice Repellent се користи мошне брзо и едноставно преку негово секојдневно прснување на косата. Штити од пренесување на вошките од други деца, капи, капути, облека и сл.

output-onlinepngtools (2)-min

МАСКА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГНИДИ

Отстранувањето на гниди не било никогаш полесно отколку со примена на Lice Guard природната маска. Станува збор за 100% безбеден и ефикасен производ без било какви штетни хемикалии, отрови и пестициди. Она што треба да го направите е да ја измиете вашата коса со Lice Guard шампонот, а потоа да ја нанесете Lice Guard природната маска против гниди. Нашата специјална маска докажано дејствува на целосно уништување на гнидите во косата и нивно лесно 100%-но отстранување со помош на Egg & Lice Comb.

Единствен производ на пазарот кој во себе не содржи отрови и пестициди и кој е медицински докажан дека воопшто не ја оштетува косата и скалпот како што тоа го прават остнатите производи богати со хемикалии и пестициди.