ЦЕНТРИФУГАЛНА АЛОПЕЦИА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е центрифугална алопеција?

Централна центрифугална цикатрициелна алопеција се сретнува најчесто кај Афро-Американските жени околу 30-тите години. Се јавува и кај мажи. Поранешни термини биле фоликуларен дегенеративен синдром, псеудопелада кај Афро-Америкаци.

Што предизвикува центрифугална алопеција?

За етиологијата сеуште се дебатира, но некои доктори веруваат дека хроничното користење на физички и хемиски трауматски процедури на косата (пр. хемиски исправувачи) се инволвирани во развојот.

Кои се симптоми на центрифугалната алопеција?

Како кај псеудопелада, симптомите и надворешните знаци на фоликуларно воспаление се обично минимални. Сепак некои пациенти чувствуват чешање, чуство на трнење, или осетливост на афектираниот скалп.

Централниот дел од скалпот и вертексот се зфатени обично почнувајќи од средината на скалпот. Постепено, симетрични, центрифугално ширење на алопециата во форма на екстензии на пипци, се развива во тек на многу години. Афектираниот скалп е сјаен, розе обоен и мек на допир.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи